Во Основното училиште „Никола Карев“ денеска се одржаа „Игри без граници со вклучување на деца со попреченост“.
Целта на овој настан беше преку спортски игри во кои учествуваат деца со попреченост од Кочани и соседните општини да се промовира инклузивно спортско образование и да се потенцира дека во спортот не постојат разлики, информираше Ирена Мирчовска, координатор на проектот.

Освен ова, денеска во спортската сала на ОУ „Никола Карев“ беше промовирана и спортската набавена и наменета најмногу за децата со попреченост.

На „Игрите без граници со вклучување деца со попреченост“, активност која е дел од проектот „Преку спорт до инклузивно и квалитетно образование“, присуствуваа амбасадорот на Бугарија во нашата држава, Жељаско Радуков, како и претседателката на Македонско – бугарската стопанска комоеа, Билјана Митева.
Целото случување дополнително беше збогатено со учество на фудбалери на кочанско „Осогово“ и на ФК „Светлост“ од Зрновци.
Проектот „Преку спорт до инклузивно и квалитетно образование“ е финансиран од Бугарската развојна помош со 14 411 евра, а го спроведува Македонско – бугарската стопанска комора. Партнер е ОУ „Никола Карев“. Неговата реализација треба да е завршена до крајот на оваа година.





