Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, д-р Александар Трајановски, најави дека во првата година од својот мандат ќе започне со реализација на три приоритетни проекти — новата општинска зграда, една од двете планирани градинки и програмата за субвенции за инвертер клими.
„Верувам дека функцијата градоначалник мора да значи работа, отчетност и одговорност. Ако не се започне со реализација на проектите во првата година од мандатот, ќе поднесам оставка. Чесно и одговорно!“, изјави Трајановски во дебата со противкандидатот Митески на ТВ Канал 5.
Тој воедно постави и прашање до својот противкандидат:
„Дали е подготвен да ја преземе истата обврска пред граѓаните?“




