ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025 14:17
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалничката во заминување на Град Скопје, Данела Арсовска, повторно се обиде да се врати во фокусот – овојпат со целосна дезинформација.

Во Фејсбук статус објавен пред 17 часа, таа напиша дека директорот на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, Сабахудин Рустеми, по само неколку часа во притвор, бил ослободен, дека „не е виновен за ништо“ и дека „работата ја вршел чесно и совесно“.

Меѓутоа, МВР поврди за ЦИВИЛ дека лиицата што беа приведени во рамки на истрагата и понатаму се во притвор.

„Никој не е ослободен, а тврдењето на Арсовска е невистинито и манипулативно“, вели за ЦИВИЛ, порпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

Со тоа, градоначалничката не само што шири лажни вести, туку и директно ја поткопува довербата во институциите – токму во момент кога јавноста бара одговорност за хаосот со ѓубрето и нефункционалноста на претпријатието.

Во својот статус, Арсовска дури саркастично тврди дека директорот бил пуштен бидејќи „во срце и душа бил ВЛЕН“, а во станица потпишал изјава за членство во коалицијата што е дел од владата.

„НАЈНОВА ВЕСТ: Директорот на Комунална хигиена Скопје е пуштен, не е виновен за ништо, работата ја вршел чесно и совесно.

Оваа информација пристигна откако по неколку часа убедување во полициска станица, директорот на Комунална хигиена им кажал дека во срцето и душата е ВЛЕН, уште додека бил во станица му донеле да потпише изјава за членство по што е пуштен да си продолжи со успешната работа во претпријатието.

Во меѓувреме Мицковски и МВРО упорно бараат некој од ДУИ да го апсат како што ветија, тргнаа по Изет Меџити од ДУИ, па откако стана ВЛЕН си го земаа во коалиција“, објави Арсовска.

Таквиот тон, кој очигледно сака да го прикаже апсењето како партиска фарса, сега се претвора во свесно ширење невистини со политичка цел.

По вакви примери, станува јасно дека „комуналната хигиена“ во Скопје не треба само за улиците – туку и за политичкиот простор, кој очигледно е преполн со ѓубре од лаги и дезинформации.

Полицијата вчера ги приведе директорот Сабахудин Рустеми и Аки Саити од Сарај, раководител во Комунална хигиена, откако минатата недела Основното јавно обвинителство започна истрага поврзана со неработењето на јавното претпријатие што резултираше со натрупување на огромни количини ѓубре во главниот град.

Тие се товарат за кривично дело загрозување на животната средина и природата со отпадни материи, кој ги санкционира делата поврзани со постапување со отпад со кои се менува квалитетот на воздухот, почвата, водата или водотекот, во мера што може да ги влоши условите за живот на луѓето или животните или растенијата и да го загрози нивниот опстанок.

Дехран Муратов / Цивил Медиа

Next Post

ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

НАЈНОВО

Димитриеска-Кочоска: Зголемување на пензиите се очекува и следната година

October 28, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Брендан Роџерс поднесе оставка на клупата на Селтик

October 28, 2025
Фото: МИА

Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk