Неверојатен пример за борба против руската пропаганда објави страницата Meanwhile in Ukraine, пренесувајќи видео клип од дебата на италијанска ТВ станица во која, италијанскиот сенатор и поранешен министер за економски развој, Карло Календа го оспорува тврдењето на Џефри Сакс, дека на демонстрантите во 2014 година им биле платени 15.000-20.000 долари.
Сакс: Бев таму… САД им платија на демонстрантите 15.000-20.000 долари за да го соборат Јанукович. Сакате да кажете дека тоа не се случило?
Календа: Да, милсам дека тоа не се случило. Да, мислам дека лажете, исто како за вакцините..
Сакс: Ме нарекувате лажго?
Календа: Да, апсолутно да. Ја ширите пропагандата на Путин.
Сакс: Запрепастен сум, искрено, ме нарекувате лажго?
Календа: Да.
Џефри Сака, омилениот апологет на антиамериканска, антизападна и проруска агенда на дел од македонските медиуми кои изјавите, колумните и статии на и од Џефри Сакс, на разни анти НАТО, антизападни и теми поврзани со руската агресија врз Украина се пренесуваат некритички на своите страниците.
Драган Мишев / Цивил Медиа





