Легендарниот британски музичар Sting ќе ја предводи специјалната Super Bowl LX Studio 60 манифестација што ќе се одржи на 6 февруари во Palace of Fine Arts во Сан Франциско, соопшти НФЛ преку својот партнер за гостопримство On Location. Настанот ќе биде дел од викендот на Супер Боул и ќе се одржи два дена пред големото финале кое ќе се игра на 8 февруари на Levi’s Stadium во Санта Клара, Калифорнија.
Организаторите го најавуваат концертот како „викенд на незаборавна музика во едно од најиконичните места во Сан Франциско“, со можност за средби со легенди и актуелни ѕвезди на NFL. Билетите за настапот на Sting започнуваат од 750 долари, а вториот ден, на 7 февруари, ќе има уште една вечер од Studio 60, но сè уште не е објавено кој ќе настапи.
Настанот доаѓа во време на засилени реакции околу изборот на Bad Bunny како изведувач на овогодинешното halftime шоу. Дел од конзервативните политичари, меѓу кои Мајк Џонсон, Кристи Ноем и дури и Доналд Трамп, го критикуваа изборот, но комесарот на NFL, Роџер Гудел, изјави дека е уверен „дека шоуто ќе биде возбудливо и обединувачко“.
Sting веќе има свое место во историјата на Супер Боул – тој настапи на halftime шоуто во 2003 година заедно со Shania Twain и No Doubt, а вечерта ја заврши со легендарната „Message in a Bottle“ во дует со Гвен Стефани.
Покрај него, за време на Супер Боул викендот во Сан Франциско ќе настапи и кантри ѕвездата Chris Stapleton, кој ќе одржи концерт на 7 февруари во Bill Graham Civic Auditorium, во организација на Bay Area Host Committee.
Редакција Фронтлајн
Извор: Entertainment Weekly





