Американската глумица и пејачка Селена Гомез се појави во елегантна облека на годишната добротворна забава на нејзината фондација. Овојпат, таа беше целосно облечена во виолетова боја.
Таа, имено, пред фотоапаратите, на црвениот тепих на настанот „Рејр импакт фанд бенефит“ (Rare Impact Fund Benefit) што третпат се одржа синоќа во Лос Анџелес во организација на Фондацијата „Рејр импакт“, излезе во виолетов минифустан и наметка во иста боја. Метално-сјајниот минифустан беше во иста нијанса како и високите потпетици, а изгледот го комплетираше со дијамантски обетки и шминкаод сопствениот моден бренд „Рејр бјути“ (Rare Beauty).
Фондацијата основана од Селена Гомез има за цел собирање средства и подигање на свеста за менталното здравје на младите. На настанот се истакнува потребата од поддршка без предрасуди и со почит кон различното потекла, искуството и перспективите.
– Вечерва го прославуваме тоа колку далеку сме стигнале и тоа е моќен потсетник за она колку повеќе можеме да постигнеме заедно. Неверојатно сум благодарна на Џими, „Маријас“ и сите кои ми се придружија во ширењето на свеста за менталното здравје на младите. Нивната поддршка значи сè на светот, не само за мене, туку и за милионите млади луѓе низ целата планета до кои допре ова дело, изјави Селена.
Водител на вечерта беше Џими Кимел, а музичката група „Маријас“ настапи на настанот.





