ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Марија Среброва од Левица: Мирослав Лабудовиќ ја навредува интелигенцијата на Центарци

October 31, 2025 13:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Марија Среброва, кандидатката на Левица за Општина Центар која не влезе во вториот круг, денеска ја оспори предизборната најава на Мирослав Лабудовиќ oд ЗНАМ за „12.000 денари финансиска помош“ за пензионерите, оценувајќи ја како навредлива и спротивна на духот на Изборниот законик. Таа, потенцира дека ова претставува навреда за интелигенцијата на Центарци и дека Центар никогаш не се купувал.

„Да им ветуваш по 12.000 денари ‘финансиска помош’ на пензионерите ако станеш градоначалник, тоа не е визија, тоа е навреда за интелигенцијата на Центарци. Господине Лабудовиќ, ние не сме публика за евтини ветувања во кеш. Центар никогаш не се купувал, туку секогаш мислел со своја глава,“ порача Среброва.

Таа потсети и на законската рамка, наведувајќи дека „според член 162 од Изборниот законик, секој што на избирачите ветува пари или материјална корист со цел да влијае врз нивната волја, прави кривично дело изборен поткуп, казниво со затвор од една до пет години“. Според Среброва, ова не е „било какво ветување“, туку „јавно кажано во официјален спот што се врти по телевизии за време на кампањата“.

„Институциите немаат право да спијат. Должни се да реагираат, да ја следат кампањата и да постапат – освен ако, можеби, не им одговара да гледаат, бидејќи станува збор за кандидат на ЗНАМ, коалициски партнер на власта,“ додаде таа, апелирајќи за брза и непристрасна реакција на надлежните.

Во својата изјава Среброва порача и дека „Центар не е место за политички експерименти со кеш и ветувања. А градоначалничката фотелја не е трговска маса, туку огледало во кое народот гледа кој навистина заслужува да стои исправен пред него.“

Вчера, и независната кандидатка за градоначалничка на Центар која не успеа да се пласира во вториот круг Билјана Ивановска ги демантираше наводите дека дава поддршка за Мирослав Лабудовиќ велејќи дека ниту со партии прави пазар, ниту повикува гласачи, откако Лабудовиќ изјави дека со Ивановска „имаат ист концепт и визија за Центар“ и дека очекува нејзините гласачи да го поддржат на 2 ноември.

Next Post

Мицкоски за обвинувањата на Филипче за притисоци: Одговорно тврдам дека ова се најдемократски и најфер организирани избори

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Трамп потврди дека САД планираат да извршуваат нуклеарни проби, доколку другите земји го направат тоа.

October 31, 2025
Фото: Скриншот

Вучиќ се извини за работите што им ги кажал на демонстрантите и студентите

October 31, 2025

Жител на Петровец ја претепал сопругата и ѝ скршил три ребра, ОЈО бара притвор

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk