Компанијата „Србијавоз“ објави дека денескa, поради дојава дека во сите возови и на пругите се поставени експлозивни направи, привремено го прекина сообраќајот на сите возови.
„Интензивно соработуваме со Министерството за внатрешни работи за решавање на ситуацијата“, се наведува во соопштението.
Претходно ТВ Н1 јави дека патничките возови до Нови Сад нема да сообраќаат попладнево и наутро на 1 ноември, и не е можно да се купат билети онлајн.
На веб-страницата на „Србијавоз“, кога ќе се избере опцијата за онлајн купување билети за 31 октомври и 1 ноември и ќе се внесат посакуваните дестинации има известување дека „нема возови на бараната дестинација“.
Утре во Нови Сад ќе се одржи комеморативен собир по повод една година од загинувањето на 16 луѓе во пад на бетонска настрежница на железничката станица во Нови Сад.
И пред другите поголеми протести во Србија имаше соопштенија за „информации за експлозивни направи во возови“. Тие експлозивни направи никогаш не беа пронајдени, јави Н1.
 
			

 




 
 
