Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа го привеле Б.Р. (59) од Скопје, кој на 28 октомври вечерта околу 20:30 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, со патничко возило „фиат сеиченто“ удрил во 11-годишна малолетничка, по што со возилото го напуштил местото на настанот, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и возачот и возилото се пронајдени и Б.Р. по наредба на јавен обвинител е задржан во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, наведуваат од МВР.
 
			

 




 
 
