ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025 15:07
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во вториот круг од локалните избори, одржан на 2 ноември 2025 година во 32 општини и Град Скопје евидентирани се вкупно 19.287 неважечки гласачки ливчиња на изборите за градоначалници, што претставува околу 5,6% од сите употребени ливчиња.

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), од вкупно 345.525 гласачи кои излегоа на гласање во вториот круг, 19.287 ливчиња се евидентирани како неважечки. Во Град Скопје од 167.575 гласачи, 10.528 гласачки ливчиња биле неважечки, односно речиси секое шеснаесетто ливче било поништено (6,3%). Излезноста во Скопје во вториот круг изнесувала 35,33%, додека на национално ниво таа била 47,16%.

За споредба, во првиот круг од изборите за градоначалници, одржан на 19 октомври 2025 година, од 885.085 гласачи, 53.724 ливчиња биле неважечки (6,1%). Во Град Скопје, пак, бројот на неважечки ливчиња достигнал 12.270, што претставува повеќе од една петтина од сите неважечки гласови на национално ниво.

Компаративен преглед на неважечки ливчиња и излезност:

ИзбориВкупно гласачиНеважечки ливчињаПроцент
Локални 2017 – прв круг–44.481–
Локални 2017 – втор круг–12.284–
Локални 2021 – прв круг911.31419.1272,1%
Локални 2021 – втор круг532.80410.2161,9%
Локални 2025 – прв круг885.08553.7246,1%
Локални 2025 – втор круг345.52519.2875,6%

Трендот јасно покажува дека бројот на неважечки гласачки ливчиња континуирано расте. И додке една од причините особено во 2017 година, беа технички грешки при пополнување на гласачките ливчиња или недоволна информираност на гласачите, во последните два циклуса на локални избори поголем дел од гласачите намерно поништуваат ливче како форма на „протестно гласање“.

Долгогодишното искуство на ЦИВИЛ мониторингот на изборите покажува дека големиот број неважечки ливчиња е сигнал до кандидатите и локалните власти дека значаен дел од граѓаните изразува недоверба кон сите учесници во изборниот процес. Ако некогаш гласачите често гласаа ‘против’ конкретна политичка опција, сега тие изразуваат опомена до сите учесници на изборната трка.

Големиот број на неважечки ливчиња на локалните избори во Скопје и на национално ниво отвора прашања за изборната едукација, функционирањето на изборниот процес и ефективноста на системот за обезбедување тајност на гласањето, но можеби најмногу како да се врати довербата на граѓаните во изборните процеси.

Изборната транспарентност и ефективност бара преиспитување на изборниот систем и довебата во него, но и структурирано преземање на конкретни мерки (практични, реални и проверени во пракса во регионот и Европа) за намалување на процентот на неважечки гласачки ливчиња на идни избори.

Б. Јордановска / Цивил Медиа

Next Post

Над 76.000 пријавени за вакцинација, досега вакцинирани 43.000 лица

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk