ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи

November 6, 2025 15:57
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи, секојдневно сами го ризикуваме животот поради непочитување на сообраќајните правила и прописи, соопштуваат од МВР.

Оттаму истакнуваат дека во првите четири дена од месец ноември во сообраќајни несреќи на територија на државата животот го загубија шест лица. Од почетокот на оваа година заклучно со октомври регистрирани се 115 жртви. Во текот на минатата година регистрирани се 142 жртви во сообраќајни несреќи.

„Тоа не се само бројки – тоа се нечиј син, нечија мајка, сопруг, дете. Нечиј деца остануваат без родители и обратно родители остануваат без своите деца. Овој, без дилема, поразителен биланс не е производ на природни катастрофи или воени конфликти, туку резултат на нашата култура, менталитет и однесување во сообраќајот. Несмееме да дозволиме сообраќајот од секојдневна неопходност да прерасне во нужно зло на современото живеење.

Статистиката покажува дека најчестите причинители кои доведуваат до сообраќајни несреќи со фатални последици се пред се непочитувањето на сообраќајните правила, односно користењето на мобилен телефон при возење, возењето со брзина поголема од дозволената, возењето под дејство на алкохол, итн. Апелираме до граѓаните: оставете го мобилниот телефон додека управувате со возилото, не возете со брзина поголема од дозволената, не седнувајте зад воланот доколку сте конзумирале алкохол. Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи не го ставајте во ризик вашиот и животот на вашите најмили, како и на останатите учесници во сообраќајот.

Апелираме до родителите: не им дозволувајте на вашите деца да управуваат било какво превозно средство без соодветна обука и дозвола. Сообраќајната култура мора да им се вгради и вгнезди на децата уште од најмала возраст, а тука големо влијание имаат родителите и целокупниот воспитно-образовен процес.

Затоа уште еднаш, со најголема одговорност апелираме до сите учесници во сообраќајот, бидете совесни, внимателни и дисциплинирани. Една непромислена одлука – возење со мобилен телефон во рака или со брзина поголема од дозволената, или под дејство на алкохол – може да го одземе вашиот или нечиј друг живот.

Нема ништо поважно од човечкиот живот. Безбедноста на патиштата не зависи само од полицијата и контролите, туку пред сè од секој поединец зад воланот. Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со засилени контроли на терен, но вистинската промена почнува со одговорноста на секој возач. Почитувајте ги правилата, намалете ја брзината и не седнувајте зад волан под дејство на алкохол. Да возиме со ум, не со емоции. Да не дозволиме нашето невнимание да биде причината некој да не се врати дома“, се наведува во соопштението од МВР.

Next Post

Mузичката елита ќе пее во чест на маестро Кире Костов, гала концерт во НОБ на 11 ноември

НАЈНОВО

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

Mузичката елита ќе пее во чест на маестро Кире Костов, гала концерт во НОБ на 11 ноември

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk