ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Ал-Шара во Белата куќа: Нема нормализација со Израел додека е окупирана Голанската висорамнина

November 11, 2025 09:45
in ДЕНЕС, СВЕТ
Ahmed Al Sharaa, photo/Fb

Ahmed Al Sharaa, photo/Fb

Share on FacebookShare on Twitter

Привремениот претседател на Сирија, Ахмед ал-Шара синоќа ја исклучи можноста за директни разговори за нормализирање на односите со соседен Израел, барем засега, јави ДПА.

На прашањето за желбата на американскиот претседател Доналд Трамп Сирија да се приклучи на Абрахамските договори – дипломатска иницијатива иницирана во неговиот прв мандат, преку која неколку арапски земји воспоставија односи со Израел од 2020 година, Ал-Шара посочи на континуираната израелска окупација на Голанската висорамнина.

Израел ја зазеде Голанската висорамнина од Сирија во Шестдневната војна во 1967 година и ја анектираше во 1981 година. Анексијата не е меѓународно призната. Израел и натаму ја окупира територијата.

Говорејќи за американската телевизија „Фокс њуз“, шефот на сириската држава рече дека „ситуацијата во Сирија е поинаква од ситуацијата на земјите кои го потпишаа Абрахамскиот договор“.

– Сирија има граници со Израел, а Израел ја окупира Голанската висорамнина од 1967 година. Ние сега нема да влегуваме во директни преговори, рече тој на арапски, во изјава што ја преведе американската телевизија.

– Можеби администрацијата на Соединетите Држави со претседателот Трамп ќе ни помогне да стигнеме до ваков вид преговори, додаде тој.

Ал-Шара вчера стана првиот сириски шеф на држава што бил примен во Белата куќа од независноста на земјата во 1946 година.

Израел и Сирија официјално се во војна од 1948 година. Мировен договор никогаш не е потпишан.

По падот на долгогодишниот владетел Башар ал-Асад во декември 2024 година, израелската војска воспостави воени позиции на сириска територија долж границата и изврши воздушни напади врз складишта со оружје.

Израел, исто така, распореди дополнителни трупи на Голанската висорамнина, која е централна точка на спорот, по падот на Асад и оттогаш ги засили воздушните напади во Сирија, со образложение дека сака да спречи оружјето на Дамаск да падне во рацете на екстремисти.

Tags: Ал Шара
Next Post
Скриншот

Возило за превоз на патници се урна на аеродромот Далес, 18 хоспитализирани

Shortcut

Најново

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk