ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025 14:28
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

По откажувањето на швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ од купување на меѓународниот бизнис на „Лукоил“ откако Министерството за финансии на САД сигнализираше дека не е задоволно од договорот, нарекувајќи ја компанијата руска „марионета“, Бугарија започна со спроведување мерки за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас.

Бугарските власти спроведуваат инспекции и безбедносни мерки во рафинеријата за нафта Бургас на рускиот нафтен гигант Лукоил за да ја зачуваат критичната инфраструктура, изјави во понеделник премиерот Росен Жељазков, додека владата се подготвува да ја преземе контролата врз локацијата, според Ројтерс.Минатата недела, Бугарија усвои законски измени што ѝ дозволуваат да ја преземе рафинеријата и да ја продаде на нов сопственик за да ја заштити фабриката од санкциите на САД.

Жељазков во понеделник изјави дека мерките, кои вклучуваат инспекции и подготовка на воената полиција, се превентивни и имаат за цел зачувување на критичната инфраструктура, вклучувајќи ја рафинеријата за нафта и други објекти, според соопштението за медиумите објавено во понеделник.
Во неделата, Советот на министри издаде соопштение во кое се вели дека државната агенција за безбедност, Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана презеле дополнителни мерки за да обезбедат безбедност „во областа на Лукоил – елементи на критичната инфраструктура на територијата на Бугарија“.

„Министерството за одбрана повторно распореди систем против беспилотни летала во регионот на Бургас“, се вели во соопштението. „Се спроведува инспекција за да се потврди усогласеноста со планот и безбедносните мерки во стратешките објекти.“

Жељазков во понеделник изјави дека мерките, кои вклучуваат инспекции и подготовка на воената полиција, се превентивни и имаат за цел зачувување на критичната инфраструктура, вклучувајќи ја рафинеријата за нафта и други објекти, според соопштението за медиумите објавено во понеделник.

Во недела, Советот на министри издаде соопштение во кое се вели дека државната агенција за безбедност, Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана презеле дополнителни мерки за да обезбедат безбедност „во областа на Лукоил, елементи на критичната инфраструктура на територијата на Бугарија“.

„Министерството за одбрана повторно распореди систем против беспилотни летала во регионот на Бургас“, се вели во соопштението. „Се спроведува инспекција за да се потврди усогласеноста со планот и безбедносните мерки во стратешките објекти.“

Каква ќе биде судбината на бензинските пумпи и 550 вработени во македонската подружница на Лукоил 

Иако Лукоил Македонија, како подружница на Лукоил Интернешнл има ланец од бензински пумпи низ државата и околу 550 вработени, од институциите и подружницата во Северна Македонија нема никакви информации за неизвесност за иднината на работењето на Лукоил во земјава. ниту за  преземање мерки во врска со ваквиот развој на настаните.

Во интерес на навремено и точно информирање на јавноста за овие прашања кои ги засегаат граѓаните во земјава во врска со новонастанатата ситуација околу откажувањето на Гунсворд груп од купување на меѓународните средства на Лукоил, каде ЛУКОИЛ Македонија е во 100% сопственост на LUKOIL International GmbH, ЦИВИЛ Медиа упати прашање до Лукоил Македонија и до Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини какви импликации ќе има ваквата одлука врз работењето на подружницата на Лукоил во Северна Македонија, особено што во јавноста кружат информации дека „Лукоил“ има лиценца за уште 2 недели, а на бензинските пумпи на компанијата веќе не може да се врши плаќање со платежни картички.

До затворањето на овој текст, одговори сé уште не добивме, и истите ќе бидат објавени доколку пристигнат во меѓувреме.

Д. Мишев / Цивил Медиа

Next Post
Фото: Кабинет на претседател

Сиљановска Давкова за извештајот на ЕК: Во извештаите техничката оценка понекогаш се презентира низ политичка призма

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk