Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Изгоре Вјесниковиот небодер во Загреб.
Родното место на врвниот хрватски и југословенски журнализам и издаваштво, работно место на феноменални автори, место кај што се создаваа култните весници и списанија, од Вечерњи и Јутарњи лист, до Старт, Студио, Глорија, Плави вијесник, Данас, Глобус, Плејбој…
Како студент работев во Печатницата која се наоѓаше во приземјето, а потоа како новинар, уредник и сопственик на медиуми во Македонија, многу пати сум одел да соберам искуства и да барам и нудам соработка, да речеме при покренувањето на Утрински и на македонскиот Глобус и секогаш наидував на пријателски прием и отвореност. Таму работеа многу мои колеги од Факултетот за политички науки. Малку над овој небодер е студентската населба „Цвијетно насеље” кај што поминав три години, па и кога последната година одев во студентскиот дом „Сава” секој ден со сините загрепски трамваи, по неколку пати минував покрај овој фасцинантен објект, дело на архитектот Антун Улрих и неговото студио АРБ Облик.
Култна зграда и симбол на Загреб, важна содржина во неговата богата историја.
Последниве години беше запуштен.
Пожарот ми разбуди многу убави спомени и истовремено ме облеа тага и жал. Иста како кога вмроналните идиотите го масакрираа нашиот град со „Скопје 2014”.
Преземено од ФБ профилот на Авторот





