Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека купувањето билети за Светското првенство во 2026 година не гарантира дека странските државјани ќе добијат визи за земјата.
– Ќе спроведеме ист процес на проверка како и со сите други странски државјани што влегуваат во Соединетите Американски Држави, изјави Рубио.
Функционерот, исто така, истакна дека имателите на билети за Светското првенство во 2026 година ќе имаат приоритет за апликации за виза. Рубио ги советуваше да аплицираат што е можно поскоро. Интервјуата ќе се одржат 6-8 недели по аплицирањето.
Светското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада.





