ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Одбраната на поранешниот градоначалник Димитровски: Обвинението за „Пулс“ е преседан, тој барал да не се издава дозвола за дискотеката

December 4, 2025 13:33
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Одбраната на поранешниот градоначалник на Општина Кочани, Ратко Димитровски, на денешното судење за случајот „Пулс“ истакна дека обвинението претставува преседан во правната практика, особено во делот на утврдување на причинско-последична врска. Според нив, Димитровски не само што немал намера или умисла, туку бил единствен кој реагирал и поднел барање за неиздавање дозвола за работа на дискотека или кабаре уште пред објектот да започне со работа.

Бранителката на десетто обвинетиот Ратко Димитровски (градоначалник на Општина Кочани од 2012 до 2017), адвокатката Ангела Соколова, на почетокот изрази сочувство на семејствата на жртвите и порача дека сите очекуваме вистинска правда, и дека потребна е правда за Кочани, но притоа никој што е виновен да не избегне прогон, и никој друг неправедно да биде осуден.

-Обвинителниот акт е преседан во судско обвинителката служба, особено во пронаоѓање на каузална причинско -последична врска. Ќе докажеме дека обвинетиот не е виновен за делото што му се става на товар. Ниту едно поставување на обвинетиот од 2012 до 2017 година може да се граничи дека доколку било преземено ќе спречело настанување на последицата. Ништо не може да се подведе под теорија на каузалитет, рече Соколова.

Според неа, се поставува и прашањето дали може да постои соизвршителство во ситуација кога обвинетиот бил градоначалник во период од 2012 до 2017 година, а другите двајца градоначалници после него.

-Факт е дека кај Ратко Димитровски немало намера и умисла. Тој е единствениот човек што пријавил до надлежните институции и поднел барање за неиздавање дозвола за работа на дискотека или кабаре. Во 2012 година општината не дозволила пренамена на паркиг од првообвинетиот и поднела барање да не се издава дозвола и мислење за отпочнување со работа на дискотека или кабаре. Останува прашањето зошто ваквото барање останува занемарено, иако тоа што го напишал Ратко Димитровски уште пред да почне со работа дискотеката никогаш не го отповикал како барање, изјави Соколова.

Ќе докажеме, нагласи Сиколова, дека наводното непостапување ако побарал градежна инспекција не може да биде причина за настанување на последицата.

-Општината не е надлежен орган за издавање лиценца за дискотека и нема никаква надлежност за контрола на вакви објекти. Обвинетиот не одобрил никаква пренамена на објектот и во неговиот мандат не е промената, што значи доследно е почитуван Деталниот општински план. Како градоначалник немал ингеренции да контролира како и кој влегува и дали се применува пиротехника и ги немал надлежностите на останатите институции. Со сигурност ќе докажеме дека Ратко Димитровски немало може да биде виновен за делото што му се става на товар, изјави Соколова.

Ратко Димитровски, на почетокот во својот воведен говор изрази сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените побрзо заздравување.

– Изненаден сум и никогаш не сум помислил дека ќе застанам на обвинителна клупа за нешто што единствено јас пред 13 години сум бил против. Знам дека е во ред дел од граѓаните да ме гледаат како градоначалник од една политичка партија, но никако не е во ред да ме гледаат со презир. Оваа конструкција на обвинение е на моја штета и на штета на моето семејство, но и на штета на оштетените, зошто каква правда може да се добие ако се обвинуваат луѓе што не се виновни. Не може да има правда со заменски обвинети, изјави Димитровски.

Кога државен орган одобрува, според Димитровски, градоначалник и општина нема надлежност да го контролира и проверува.

-Во овој случај целата постапка за издавање лиценца се води пред државен орган и тие не одговараат на локалната самоуправа и општината нема ама никакви ингеренции. Нека се откаже државата со закон од овие ингеренции, а не да се свртува внимание со лажни обвиненија. Единствен во држвата сум реагирал и барал да не се даде дозвола, а по 13 години  институционален молк сега да сум од оваа страна, а не како јавност. Со ваквото обвинение испаѓа дека јас сум требал да ги преземам надлежностите на МВР и републичките органи, изјави Димитровски.

Димитровски, заедно со поранешните градоначалници Николчо Илијев и Љупчо Папазов, се обвинети дека свесно и континуирано не постапувале согласно законските прописи за заштита, урбанистичко планирање и инспекциски надзор. Иако знаеле дека објектот Кабаре Клуб Пулс е небезбеден и не исполнува законски услови за угостителска дејност, не презеле мерки за утврдување неправилности, санкционирање или затворање на објектот.

Според обвинителниот акт, тие не наредиле инспекциски надзор, не изготвиле програми и планови за работа на инспекторите, ниту ги известиле надлежните институции за незаконитото работење на објектот. Објектот немал одобрение за реконструкција, пренамена или употреба, ниту функционален паркинг, што создавало ризик за живот и здравје на посетителите и го попречувало пристапот на противпожарни возила.

Па така, со непостапување според Законот за локална самоуправа, Законот за градење, Законот за инспекциски надзор, Законот за заштита и спасување и Законот за угостителска дејност, овозможиле на обвинетите Дејан Јованов и Гроздан Милковски незаконито да вршат угостителска дејност и да плаќаат надоместок, иако објектот фактички работел како диско клуб, а не како кабаре. Според обвинението, обвинетите биле свесни за можните штетни последици, но се согласиле со нивното настапување.

По паузата, судењето треба да продолжи со воведни зборови на одбраната на Илијев и Папазов.

Претходно денеска, одбраната на обвинетите градежни инспектори нагласија дека „причината за трагедијата не е поради градежни пропусти на структурата на објектот“ и дека инспекторите „не можеле да постапат бидејќи немало пријава или наредба за инспекциски надзор“. Сите изразија жалење и сочувство на семејствата на починатите лица.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март годинава, загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени.

Судењето го води судијката Диана Груевска Илиевска и се одвива под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите, обвинителството, одбраната и бројни новинари.

На обвинителна клупа се 37 лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.

Tags: КочаниПулссудење
Next Post

Николоски од Брисел: Македонија го заслужува членството во ЕУ, потребна е јасна политичка одлука на земјите членки

EVN

НАЈНОВО

Анаис. Мотив, Крушево

Викенд хороскопот со Анаис за 18 и 19 април 2026

April 18, 2026

Комисија за култура на СДСМ: Љутков се кити со туѓи перја во Стоби додека удира врз колективниот договор

April 17, 2026

Филипче на панел на ПЕС: Прогресивните сили се последнатa линија на одбрана од авторитарните режими

April 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

    Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ испратиле писма до ЕУ по најавата од Мицкоски за „имам чувство”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вафик Сафа: Хезболах никогаш нема да се разоружа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk