ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Трајно ја напуштам политиката, ако СДСМ најде еден мигрант до пролет

December 10, 2025 14:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Оставам простор до пролет Венко Филипче заедно со професорот Фрчковски, заедно со Андреј Жерновски да бараат низ Македонија и да најдат мигрант кој е дел од овој договор со Велика Британија и било каков договор којшто сме го преземале и ако најдат еден јас трајно ја напуштам политиката. Во спротивно да ми се извинат на мене и на граѓаните што шират паника без потреба. Мислам дека е фер. Еве, ова јас го давам како понуда. Ова ќе важи бесконечно додека јас сум претседател на Владата, но бидејќи тој ја спомна пролет, сме сакале предвремени избори, па не споредуваше со некои соседно земји итн. Еве, јас велам вака нека земат тројцата, нека шетаат колку сакаат низ Македонија и ако најдат еден којшто е резултат на овој договор или бил кој договор којшто ќе го преземе оваа Влада јас сум подготвен трајно да ја напуштам политиката. Во спротивно очекувам тројцата да излезат и да се извинат. Барем толку можат да направат. Доблесно е кон мене и кон граѓаните, рече премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за денешните обвинувања на лидерот на СДСМ, Венко Филипче дека Владата ќе прифати мигранти од Велика Британија на кои таму не им е одобрен азил.

Според Мицкоски,  СДСМ сега немале тема, а притисокот врз Венко Филипче бил голем да си замине и од внатре и од надвор и сега наеднаш ПИАР тимот му вели темата ќе биде мигранти

-Еве два таблоиди во Велика Британија објавија и сега ајде на оваа тема да се качиме и да ја туркаме, мислејќи дека на тој начин политички ќе преживее и ќе собере луѓе околу себе. Две тези имаше денешната прес конференција кои морам да ги коментирам-првата се мигрантите, а втората недостасувале во буџетот една милијарда евра, околу 60 милијарди денари и дека договорот со Велика Британија бил да ни ја покријат оваа дупка, а ние да прифатиме илегални мигранти, подвлече премиерот.

Во одговор пак на новинарско прашање дали можеби планира да реагира или да има демант по однос на ваквите пишувања на британските медиуми, претседателот на македонската Влада истакна дека што се однесува до мигрантите бил прилично јасен и само потсети дека поради вакви лажни вести главниот уредник на ББС си поднел оставка.

-Така што јас нема да ги коментирам овие наводи во таблоидите таму. Тоа што имав да кажам и се однесува до македонската јавност и македонските граѓани јас го кажав и впрочем го кажав еве мојата политичка глава е на масата и ако најдат и еден мигрант којшто е резултат на договорот со Велика Британија или било каков друг договор јас сум подготвен трајно да ја напуштам политиката. Во спротивно очекувам Венко Филипче и останатите да се извинат за сите овие лаги кои ги испраќаат. Нема да го коментирам делот колку штетат на договорот со нашиот стратешки партнер Велика Британија. Направија огромно штета, но тоа е нивна работа нема да навлегувам во тој детаљ затоа што тие рекоа дека тој договор е уценет со прифаќање на неуспешни апликанти за азил во Велика Британија што договорот е јавен и верификувам во парламентот и можат сите да го прочитат и видат и нема ништо скриено. Тие одбрале таква политика да тераат, нека тераат и на следните избори можеби и 100 илјади гласови ќе им бидат многу, порача премиерот Мицкоски.

Тој се осврна и на обвинувањата на СДСМ дека буџетот недостасуваат една милијарда евра и со договорот со Велика Британија со средства од кредитот ќе се покриела оваа дупка.

-Додека тие зборуваат за милјардите кои недостасуваат веќе 10 милијарди во првите пет дена во декември влегоа во буџетот и сега не се 300 туку се 310 милијарди денари приходи. Но, никој од нив не ја коментираат расходната страна  затоа што и приходната и расходната страна на буџетот одат паралелно. Тие што следат економија, економистите знаат за што зборувам. За да ни фалат во буџетот и да треба вие оваа буџетска дупка да ја покриете, тој буџетски дефицит, потребно е и расходите да бидат согласно планирањата. Нас расходите ни се помали, односно штедевме и во име на тоа се случува ова коешто јас денеска го зборувам-и приходите и расходите се пратат едни со други и на крајот кога ќе ги споредите капиталните инвестиции и буџетскиот дефицит тие горе-доле ќе бидат исти, што значи дека ние нема да се задолжиме за да го зголемиме долгот, напротив на крајот од годината тој долг ќе биде помал од оној што сме го имале. И еве втора работа ќе кажам следната година треба да вратиме нешто повеќе од 2,2 милијарди евра. Ќе ги вратиме сите тие пари кои тие претходно ги украдоа и за стабри, и за марихуаните и за ред други скандали кои ги имаа во минатото, истакна Мицкоски.

Додаде дека се надева дека новиот обвинител и ослободеното Обвинителство многу поефикасно и многу послободно ќе работат отколку оној октроираниот којшто конечно заминува, односно ќе замине од оттаму кадешто е сега.

-И јас мислам дека ќе има многу работа и за вас медиумите во месеците кои следат во насока да препознаеме и да откриеме каде се трошени овие милијарди кои сега оваа Влада заедно со вас граѓаните да ги  враќа. Да заклучам-да не се грижат граѓаните, нема мигранти, буџетот е во одлична кондиција, Македонија е позади Данска, којашто има 3,9 заедно со Кипар 3,8 проценти раст бруто домашниот производ, инфлацијата е 0,5 проценти помала на годишно ниво во споредба со лани и очекувам  таа консолидација, односно смирување да продлжи во периодот којшто следува. Во делот на вработувањето и невработеноста кога ќе се споредат третиот квартал од оваа година со третиот квартал од минатата  година ќе забележите 7 илјади нови вработени и 7 илјади  помалку невработени, односно од 698 илјади на 705 илјади вработени и од 98.000 на 91.000 невработени. И уште многу други параметри можам да ви кажувам. Јас ја разбирам стратегијата на СДСМ-немаат тема, немаат план, немаат визија и единственото што им останува е да шират паника. Граѓаните да бидат спокојни, доаѓаат празници треба да се  веселиме, треба да се радуваме и треба да си честитаме за добро здравје и да уживаме во тоа што следува. Да бидат спокојни, да бидат безбедни затоа што оваа Влада за разлика од минатото има  план и знае каде ја води државата, порача премиерот Христијан Мицкоски по денешниот увид во градежните активности на мултифункционалниот центар во Општина Аеродром.

Next Post

SafeJournalists: Човековите права не се целосни без слободни медиуми – Загрижувачки трендови во регионот

Најново

Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Американските маринци пресретнаа брод во Арапското Море поради блокадата на Иран

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Израелската армија уништи подземни тунели на Хезболах во јужен Либан

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дневен хороскоп со Анаис (29 април): Активирање на хармонијата и партнерските односи

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда, низ дејствувањето на негиран „виш советник“ на Левица

April 28, 2026

Оставете нè да ви принесуваме убавина, се угушивме во грдотија

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk