ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Приватизација на природата: Милијардер купи дел од Амазон за да спречи еколошка катастрофа, поделени реакции.

December 12, 2025 16:38
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Ivars Utināns/Unsplash

Ivars Utināns/Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Шведскиот милијардер и технолошки инвеститор Ларс Хакансон купи повеќе од 600.000 хектари од Амазонската Прашума – најголемата дождовна шума во светот, во една од најголемите приватни аквизиции на земјиште во историјата на ова подрачје. Веста предизвика силни реакции – од претпазливо одобрување на еколошките групи до загриженост кај некои околни заедници. Хакансон вели неговата цел не е да оствари профит, туку да го зачува екосистемот во една од најкритичните области на Земјата.

– Ова не е инвестиција во класична смисла. Ова е обид да се спречи Амазонија да ја премине точката од којашто нема враќање. Доколку владите не можат да дејствуваат доволно брзо, должноста е на оние кои имаат средства да го сторат она што е потребно. На Амазонија ѝ е потребна заштита сега, не за пет години, не за 10 – туку денес!, рече тој.

Хакансон, кој го стекна своето богатство со основање неколку европски „финтек“ компании, последниве години се сврте кон филантропија и климатски активизам. Тој тврди дека решил да го купи земјиштето откако неговиот тим научници предупреди дека уништувањето на шумите може да ја забрза преобразбата на Амазон во савана.

Што планира да направи со земјиштето? Според достапните информации објавени од странските медиуми, Хакансон планира да ги забрани сите видови комерцијална сеча, да воспостави природни резервати под меѓународен надзор, да финансира патроли за спречување на нелегална експлоатација и да ги вклучи тамошните заедници во своите еколошки програми.

– Ова нема да биде приватен парк. Ова ќе биде за општото добро на човештвото, само под моја привремена грижа, изјави тој за шведскиот дневен весник „Дагенс нихтер“.

Еколошките организации го поздравија планот, но со резерви. Амазонската алијанса за зачувување на природата смета дека „е позитивно што се јавува приватен инвеститор кој сака да ја зачува шумата“, но и „ниту еден приватен сопственик не смее да ја замени улогата на државата и надлежните институции“. Хакансон стои на својот став.

– Ако сакаме нашите деца да имаат кислород, мора да престанеме да размислуваме во традиционални поими. Мојата купопродажба не е совршена – но е подобра од ништо, нагласи тој.

Водачите на некои малцинства изразија загриженост.

– Се плашиме дека одлуките за нашата земја ќе ги донесува некој што живее на 10.000 километри оддалеченост, рече Матеус Караиба, претставник на етно-религиската заедница Менонити.

Глобална дебата за приватизацијата на природата, продолжува. Купувањето, имено, го покрена прашањето дали приватизацијата на природните ресурси е прифатлива стратегија за зачувување. Додека некои тврдат дека богатите филантропи можат да дејствуваат побрзо од државите, други предупредуваат дека природните ресурси не смеат да се претворат во приватни полиња.

Tags: Амазонија
Next Post

ЕУ воведува фиксна царина од три евра за сите мали пакети од странство

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk