ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Скарлет Јохансон откри зошто го криела името на својот син

December 13, 2025 06:50
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МАГАЗИН
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Share on FacebookShare on Twitter

Скарлет Јохансон откри зошто таа и нејзиниот сопруг, комичарот и сценарист Колин Џост, за време на бременоста внимателно го криеле името на својот син Космо. Причината, како што вели актерката, не била мистерија, туку желба да се избегнат несакани коментари и чудни реакции за, според некои, „необичниот“ избор на име.

Гостувајќи во утринската емисија Today, Јохансон искрено призна дека едноставно немала енергија да се соочува со туѓи изрази на лицето и полунасмевки што зборуваат повеќе од зборовите. „Не сакав никакви чудни фаци“, објасни таа. „Знаеш кога ќе му кажеш на некого име, а тој ќе направи онаа пауза и ќе каже: ‘О, тоа е… необично.’“

Актерката, која од бракот со францускиот новинар Ромен Доријак ја има и 11-годишната ќерка Роуз, додава дека за време на бременоста немала ниту трпение ниту расположение за туѓи мислења и коментари. Во период кога телото и умот веќе минуваат низ промени, дополнителниот „суд на јавноста“ бил последното нешто што ѝ било потребно.

За среќа, не морала да се грижи за реакцијата на својата мајка, Мелани Слоун. Таа веднаш го прифатила името Космо, дури и со нота на носталгија. „Ми рече: ‘О, мојата симпатија од трето одделение се викаше Космо’“, раскажува Јохансон, додавајќи дека тоа имало посебно значење за неа. Од другата страна, мајката на Колин Џост, Кери Кели, сепак имала потреба од малку повеќе време за да се навикне на изборот.

Денес, Космо има четири години, а името одамна престана да биде тема за расправа – барем во семејниот круг.

Љубовната приказна на Јохансон и Џост започна далеку од очите на јавноста, но првпат заедно се појавија во јавноста во 2017 година. Оттогаш, тие станаа еден од најсимпатичните и најстабилни холивудски парови. Од црвениот тепих на Мет Гала, преку доделите на Еми наградите, до филмските премиери, нивните појавувања секогаш привлекуваат внимание – не со скандали, туку со спонтаност, хемија и чувство дека зад рефлекторите сепак постои нешто нормално.

Tags: Скарлет Јохансон
Next Post
Генерирано со ВИ

Што вели Илон Маск за постоењето на „Бог Творец“ и зошто се премислува

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk