ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: ВМРО си поигрува со народот со „брза географија“ и лажни наративи

December 31, 2025 14:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Опозициската СДСМ реагираше на, како што наведуваат, контрадикторните тврдења и наративи на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја партијата дека „си поигрува со интелигенцијата на граѓаните“ и пласира лажни информации во јавноста.

Во соопштението до медиумите, од СДСМ прашуваат дали во ВМРО-ДПМНЕ, како што велат, „се нормални“, обвинувајќи дека партијата постојано ја менува приказната околу наводни патувања и имот, со што, според нив, ја дезинформира јавноста.

„Прво беше златна виза од половина милион долари. Потоа стана виза од половина милијарда евра. Па секој ден Дубаи, зграда од 42 ката, Венеција, прослави со Харис Џиновиќ. Сега, Сент Мориц“, наведуваат од СДСМ, оценувајќи дека ваквите тврдења личат на „играње географија“, а не на сериозна политичка комуникација.

Од партијата тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува државната безбедносна структура, посочувајќи дека, доколку веќе, како што велат, ги следат политичките противници, требало да објават и конкретни докази.

„Кога веќе граѓаните ги плаќаат безбедносните служби, кои вие ги злоупотребувате за да го следите претседателот на СДСМ, зошто не објавивте слики од Дубаи? Или ве фативме во нови лаги, па ја сменивте плочата“, се наведува во реакцијата.

СДСМ во соопштението порачува дека граѓаните не се наивни и дека, според нив, јасно гледаат што се случува, додавајќи дека ваквите, како што ги нарекуваат, лажни вести нема да ја спасат ВМРО-ДПМНЕ од одговорност.

„Само вие произведувате лажни вести во вашата кујна, но наскоро ќе се готви и во обвинителството, кога ќе се ослободи од вашите канџи“, наведуваат од СДСМ, порачувајќи дека, како што велат, народот повторно ќе ја земе власта во свои раце и дека ќе има одговорност.

Next Post
Илустрација. Фото Фронтлајн, генерирано со ВИ

Кои се најпродавани автомобили во Македонија во 2025 – што возиме најмногу?

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk