ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

(ВИДЕО) САД ја нападна Венецуела: Трамп нареди воздушни напади врз Каракас, Мадуро прогласи вонредна состојба

January 3, 2026 10:02
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Каракас, Венецуела. 3 јануари. Фото колаж: Скриншот

Каракас, Венецуела. 3 јануари. Фото колаж: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Доналд Трамп наредил изведување напади врз цели во Венецуела, вклучително и воени објекти во главниот град Каракас, јавува BBC, повикувајќи се на информации од американски официјални извори пренесени преку CBS News.

Снимки и фотографии што кружат на социјалните мрежи прикажуваат густ чад и пожари над делови од Каракас, додека очевидци сведочат за силни експлозии кои ја потресле венецуелската престолнина. Според извештаите, повеќе населби останале без електрична енергија по серија детонации на различни локации во градот.

Владата на Венецуела остро ги отфрли нападите и ги оцени како „воена агресија од страна на Соединетите Американски Држави“. Претседателот Николас Мадуро прогласи вонредна состојба на национално ниво и повика на мобилизација на државните и безбедносните структури.

„Срцето ми чукаше силно, а нозете ми се тресеа“, изјави новинарката Ванеса Силва од Каракас за BBC, опишувајќи ја една од експлозиите што ја видела од својот дом. Таа наведе дека ударот бил „посилен од грмотевица“ и дека вибрациите се почувствувале низ целиот објект. Според неа, експлозиите биле прецизни, но многу блиску до станбени зони.

Каракас, кој се наоѓа во долина, дополнително го засилил ефектот на одекот, што ја зголемило паниката меѓу жителите. По нападите, во градот завладеала тишина, но граѓаните, како што велат очевидци, интензивно комуницирале меѓусебно за да проверат дали нивните блиски се безбедни.

Настаните доаѓаат по недели на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Каракас. Претходно, американскиот претседател јавно го обвини Мадуро дека ја користи миграцијата како средство за притисок врз САД, како и дека приходите од нафта се користат за финансирање на криминални и нарко-мрежи.

Само неколку дена пред најновите напади, Мадуро во интервју за венецуелската државна телевизија изјави дека е подготвен за разговори со САД за прашањата поврзани со нафтата и трговијата со дрога, но избегна директно да коментира за претходните американски удари врз објекти поврзани со наводен шверц на наркотици.

Засега нема официјална јавна потврда од Белата куќа или Пентагон за обемот и целите на операцијата, ниту информации за евентуални жртви.

Next Post
Скриншот

Мамдани ги поништи извршните наредби на Адамс донесени по обвинението за корупција, меѓу нив и оние за Израел

Shortcut

Најново

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk