Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.Д. (43) и Д.М. (48), двете од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лажно пријавување кривично дело“ и „затајување“.
Според информациите од МВР, двете пријавени, вработени во спортска обложувалница, по претходен меѓусебен договор на 30 декември 2025 година во ОВР Струга пријавиле лажно кривично дело „разбојништво“. Тие пријавиле дека во обложувалницата каде работеле наводно влегло машко лице кое со закана со пиштол побарало пари од дневниот промет и потоа избегало.
По преземените мерки и проверки, било утврдено дека пријавата е лажна, по што против двете лица е поднесена кривична пријава.







