На 3 јануари 2026 година во 18:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека на патната делница меѓу селата Митрови Крсти и Симница, гостиварско, при извршување работни активности – ископ со багер, вработени во фирма која вршела ископ пронашле две пластични буриња со оружје и експлозивни средства.
Како што информира МВР, во бурињата биле пронајдени куршуми, оквири за автоматско оружје, мини и други експлозивни средства. Веднаш било обезбедено местото на настанот, а надлежните служби преземаат мерки за расчистување и целосно документирање на случајот.







