ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Ѓорѓиевски: Нема компромис со загадувачите – изречени глоби до 53.000 евра

January 5, 2026 14:35
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на вонредната седница на Советот на Град Скопје посветена на загадувањето на амбиенталниот воздух порача дека нема компромис со загадувачите и дека институциите преземаат засилени и конкретни мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

На седницата, како што информираше градоначалникот, се дискутирало отворено и конструктивно, без политиканство, со јасна цел проблемот со загадувањето да се решава преку конкретни акции, редовни инспекции и заедничка одговорност, а не само декларативно.

Ѓорѓиевски нагласи дека загадувањето не е проблем кој може да се реши преку ноќ, ниту пак е создаден од актуелниот систем, но дека обврска на институциите е сега да делуваат и да го направат Скопје почист и поздрав град. Во тој контекст, тој посочи дека во изминатиот период се спроведени засилени инспекциски контроли на индустриски капацитети, редовни и вонредни надзори, како и активности поврзани со сообраќајот, зеленилото и третманот на депониите.

Според податоците што ги објави градоначалникот, во периодот од 6 ноември до 1 јануари биле издадени 90 прекршочни платни налози и глоби, донесени 33 решенија за задолжување, извршени 35 вонредни надзори и изречени 290 опомени. Инспекторите за животна средина спровеле над 45 вонредни контроли кај правни субјекти во кругот на поранешните фабрики ОХИС и Стаклара, како и на територијата на општина Сарај.

Изречените глоби, како што соопшти Ѓорѓиевски, се движат од 1.000 до 53.000 евра, додека одговорни лица во правни субјекти биле казнети со по 3.000 евра. Десетици физички лица кои палеле или неправилно одлагале отпад на јавни и приватни површини добиле казни во износ од 250 до 500 евра.

Инспекцијата за патен сообраќај и патишта извршила контроли на девет градилишта, при што на седум им биле издадени решенија за времен режим на сообраќај, а на едно градилиште бил изречен прекршочен платен налог од 3.000 евра за правното лице и 900 евра за одговорното лице. Комуналната инспекција, пак, извршила 240 контроли низ Скопје, со изречени глоби за 11 објекти и повеќе од 60 казни од страна на комуналните редари.

Градоначалникот информираше и дека во буџетот за 2026 година се предвидени 64 милиони денари за животна средина, во споредба со 24 милиони денари во 2025 година, како и 220 милиони денари за јавно зеленило и паркови. Дополнително, најавени се субвенции за инвертер-клима уреди, чистење и филтри за оџаци, како и субвенции за велосипеди.

„Скопје заслужува чист воздух, ред во јавниот простор и одговорност од сите нас. Сега е време резултатите да бидат видливи, мерливи и трајни“, порача Ѓорѓиевски.

Next Post

Тамара Котевска на премиерата на „Приказната за Силјан“: Ова е мојата најголема гордост

EVN

НАЈНОВО

Автопат Кичево-Охрид. Фото: Скриншот.

(ВИДЕО) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид-Кичево се веќе во функција

January 6, 2026
Илустрација Фронтлајн, Генерирано со ВИ

Грок на Илон Маск под истрага за генерирање сексуално експлицитни дипфејкови од жени и малолетници

January 6, 2026
Фото: РФМ

Кирил Лазаров останува селектор на Македонија до 2029 година

January 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација. Фото Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Кои се најпродавани автомобили во Македонија во 2025 – што возиме најмногу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку точно заработија ѕвездите на „Stranger Things“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грок на Илон Маск под истрага за генерирање сексуално експлицитни дипфејкови од жени и малолетници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Хајди Клум ја испрати 2025 и ја дочека 2026 во топлес, на зајдисонце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија изгуби 90.000 војници за три месеци. Подготвуваме реорганизација на одбраната, вели Зеленски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk