Без вода денеска од 9:15 часот се корисниците од улицата „Христо Татарчев“ од број 60 до кружниот тек во населбата Кисела Вода
.Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдување е поради уличен дефект на цевка со пречник од 200 милиметри на ул.„Христо Татарчев“ бр.60.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.





