ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Привремен прекин на блокадите на Евзони за Водици, неизвесност за в четврток

January 6, 2026 11:45
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Денеска и утре, поради празникот Водици во Грција, според најавите, грчките земјоделци нема да го блокираат граничниот премин Евзони и сообраќајот се очекува да се одвива непречено, како што беше случај за Божиќ и за Нова година, со цел да се олесни патувањето на граѓаните.

Од друга страна, на граничниот премин Ники (Меџитлија), како што информираа од АМСМ, од 9 часот во прекин ќе биде сообраќајот за товарни возила.

Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, а ден подоцна, на 1 декември земјоделците од северна Грција нивните трактори ги паркираа на граничниот премин Евзони и секојдневно, на неколку часа го блокираа сообраќајот од и кон нашата земја за сите возила, со исклучок на деновите пред и по Божиќ, Нова година и сега за Богојавление, како што е случај со сите блокади низ цела Грција.

Во неделата, претставници на земјоделците од сите блокови на состанокот одлучија 48-часовна блокада во цела Грција, односно в четврток и петок да се блокира целата национална патна мрежа, споредните патишта и клучните патни правци, како и граничните премини.

Според информациите, земјоделците од Евзони ќе учествуваат во конкретните 48-часовни активности, но планираат в среда да одржат состанок за да донесат одлука за видот на блокадата, односно дали граничниот премин ќе биде затворен два дена само за камиони или за сите возила.

Сепак, откако владиниот портпарол Павлос Маринакис на вчерашниот редовен брифинг со новинарите соопшти дека „в среда наутро Владата ќе ги соопшти, во суштина ќе ги прецизира мерките што веќе се најавени“, земјоделците очекуваат да ги чујат овие мерки, па потоа ќе излезат со став, дали ќе одговорат позитивно и ќе ги прекинат протестите или пак ќе продолжат со планираната 48-часовна блокада.

Next Post
ВИ

Силен земјотрес од 6,2 степени го погоди западниот дел на Јапонија

Shortcut

Најново

Александар Зверев го скрши проклетството: Конечно Грен слем шампион со триумф на Ролан Гарос!

June 7, 2026

32 Конгрес на СДСМ: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

June 7, 2026

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид

June 7, 2026

Филипче: СДСМ е таму каде што му е местото – на страната на народот, на работникот и младите

June 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk