ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: „Царот е гол“ – Политиките на Мицкоски ја водат Македонија кон изолација и зависност од Белград

January 6, 2026 13:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Опозициската СДСМ денеска со остро соопштение предупреди дека „актуелната власт на ВМРО-ЗНАМ“, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, ја турка Македонија кон политичка изолација, корупција и оддалечување од Европската Унија, следејќи, како што наведуваат, „copy-paste модел на владеење на српскиот претседател Александар Вучиќ“.

Во соопштението, СДСМ оценува дека „царот е гол“ и дека, според нив, „владата го разоткрила своето вистинско лице“.

„Денес е јасно дека Христијан Мицкоски не е самостоен лидер, туку марионета под директно влијание од Белград, што ја доведува нашата земја во опасност од регрес и изолација од Европа“, наведува СДСМ.

Партијата тврди дека ваквите оценки не се само политичка реторика, туку дека се поткрепени со анализи и написи во европски и меѓународни медиуми, кои, според нив, предупредуваат на ширење на авторитарни модели на владеење во регионот.

Во контекст на апсењето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро од страна на американските сили, СДСМ оценува дека реакциите на српскиот претседател Вучиќ и, како што наведуваат, „дволичниот однос“ на Мицкоски кон таа акција, откриваат страв од можни идни американски санкции за корупција и криминал.

„Мицкоски ја поддржува акцијата на САД, но истовремено ја релативизира, тврдејќи дека не е почитувано меѓународното право и дека станува збор за опасен преседан. Ова е идентична реторика со онаа на Вучиќ и уште еден доказ за неговата зависност од Белград“, се наведува во соопштението.

СДСМ особено ја потенцира улогата на, како што ја нарекуваат, „банката на Вучиќ“ – Алта банка – и нејзиното влегување на македонскиот пазар, што, според партијата, било овозможено веднаш по доаѓањето на власт на коалицијата ВМРО-ЗНАМ.

„Станува збор за сериозни сомнежи за потеклото на капиталот и можни врски со организиран криминал, што ја отвора Македонија кон ризик од меѓународни санкции“, предупредуваат од СДСМ.

Во соопштението се критикува и наводниот договор за прифаќање мигранти со криминална позадина, како и усвојувањето на собраниска резолуција која, според СДСМ, претставува „директен напад врз слободата на говорот и демократијата“, за што, како што велат, постојат и забелешки во последниот извештај на Европската Унија за Северна Македонија.

Партијата потсетува и на падот на државата на Индексот за перцепција на корупцијата на „Transparency International“, каде што, според нив, Македонија во последните две години назадувала поради системска корупција и слабо владеење на правото.

„Сите овие чекори се дел од поширока анти-ЕУ кампања со цел намерно да се блокираат европските интеграции и да се задржи контролата врз правосудството“, се вели во соопштението.

На крајот, СДСМ повикува на, како што наведуваат, „единство против политиката на режимот ВМРО-ЗНАМ“ и апелира за враќање на земјата на патот на демократијата и Европската Унија.

„Не ни треба еден лидер, ни треба систем. Време е да се разбудиме и да не дозволиме повторно враќање во темнината“, порачува СДСМ.

Next Post
Илустрација Фронтлајн, генерирана со ВИ

Папата Лав Четиринаесетти ја затвори Светата врата на „Свети Петар“ – што значи овој симболичен чин

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk