Денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот, на улицата „Кирил и Методиј“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Ш.А. (54) од Скопје, информираат од Сектор за односи со јавност и протокол на МВР.
Според МВР, лицето е лишено од слобода поради сомнение дека вчера (11 јануари 2026 година) го оштетило стаклото на влезната врата на .
„Веднаш по добиената пријава беа преземени мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот, при што лицето Ш.А. е лишено од слобода“, соопштуваат од МВР.
Од Министерството информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против осомничениот.







