ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Новиот систем ЕЕС создава хаос и редици до три часа

January 15, 2026 10:38
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Новиот систем на ЕУ за влез и излез (ЕЕС) чија етапна имплементација на надворешните граници на Шенген зоната започна лани во октомври „предизвика значителна непријатност кај патниците“ на кои треба да им бидат земени биометриски податоци, предупреди Европскиот огранок на Меѓународниот совет на аеродроми (АЦИ Европа).

Согласно ЕЕС системот, државјаните на земји кои не се членки на ЕУ при првиот премин на Шенген границата од неговата имплементација треба да бидат фотографирани и да им бидат земани отпечатоци од прстите заради електронско регистрирање на податоците. Имплементацијата на системот трае шест месеци и треба да заврши на 10 април 2026, кога ЕЕС ќе треба да се применува на сите гранични премини, а процедурата на ставање печати во пасошите ќе биде заменета со електронски записи во системот.

Постепената имплементација од утре влегува во фаза кога електронски треба да бидат регистрирани најмалку 35 проценти од државјаните на трети земји кои ја минуваат границата на Шенген зоната, што според аеродромите во ЕУ би можело да создаде застои и „предизвикуваа одложувања“ во движењето на патниците.

АЦИ Европа потенцира дека стапувањето во сила на ЕЕС системот лани во октомври предизвика проблеми на многу аеродроми, а сега се стравува дека од утре ќе бидат предизвикани дополнителни застои.

– Воведувањето на ЕЕС резултираше со зголемување на времето потребно за граничните проверки на аеродромите за до 70 проценти, со време на чекање и до три часа во периодите на најгустиот сообраќај. Новиот модел од петок сигурно ќе создаде уште полоши услови – изјави генерален директор АЦИ Европа, Оливие Јанковец.

Портпаролката на бриселскиот аеродром „Завентем“, Ихсане Лехли изјави дека воведувањето на EEС влијание врз времето на чекање за патниците и ја зголемува потребата од „доволен персонал на граничната контрола“.

– Максималното време на чекање при пристигнување може да достигне и до три часа, а исто така забележавме и зголемување на времето на чекање при заминување – нагласи Лехли.

Но, Европската комисија ги отфрла забелешките дека ЕЕС предизвикува застои на аеродромите во ЕУ, посочувајќи дека системот „во голема мера работи без проблеми“.

– Од самиот почеток, системот во голема мера функционира без проблеми, дури и за време на шпицот на празниците, а сите почетни предизвици типични за новите системи беа ефикасно решени. Згора на тоа, со него знаеме кој, кога и каде влегува во ЕУ – изјави портпаролот на Европската комисија за внатрешни работи Маркус Ламерт.

Но, праксата покажува слабости во „функционирањето без проблеми“ на ЕЕС. Така, за време на божиќните и новогодишните празници кон крајот на минатиот месец португалските власти го суспендираа ЕЕС системот на лисабонскиот аеродром „Умберто Делгадо“ за период од три и распоредија воен персонал за зајакнување на капацитетите за граничната контрола.

Проблеми беа регистрирани и на римскиот аеродром „Фјумичино“. Аеродромската управа информираше дека оперативните услови во пракса се покажуваат многу сложени, што резултира со значително зголемување на времето за проверка на патниците на граничните контроли.

Шпанската Конфедерација на хотели и туристички сместувачки капацитети (Асхотел) побара од Министерството за внатрешни работи на Шпанија да го зголеми бројот на вработени на граничните премини за да се избегнат „тесни грла“ при контролите на патниците на границите.

– Неразумно е, по патување од неколку часа, туристите да се соочат со чекање од еден или повеќе часови за да влезат во земјата – изјави претседателот на Асхотел, Хорхе Маричал.

Од друга страна, шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека ЕЕС системот се применува низ целата земја, при што не се пријавени „редици или значајни инциденти“.

И операторот на двата најголеми аеродроми во Париз, АДР нема забелешки на работата на ЕЕС системот информирајќи дека „не е забележан никаков хаос или зголемување на времето на чекање во оваа фаза“.

Tags: аеродромиЕЕС систем
Next Post
Фото: Скриншот од видеа на ФБ

(ВИДЕО) Русија користи африкански регрути како „живи бомби“ на фронтот во Украина - „животниот век е околу 72 часа“

EVN

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Десет години по Брегзит: Повеќе од половина Британци сакаат враќање во ЕУ

April 18, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Филипче и СДСМ да се разбудат од сонот и да почнат да бидат опозиција во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

April 18, 2026
Илустрација Фронтлајн

Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk