Емилија Кларк (39), ѕвездата на Игра на тронови, откри дека за време на снимањето на новата серија Ponies се повредила – и тоа додека снимала жешка интимна сцена. Серијата премиерно беше прикажана на 15 јануари.
„Тој ден си го повредив реброто“
Кларк и Хејли Лу Ричардсон во шпионскиот трилер ги толкуваат улогите на две американски секретарки кои работат во американската амбасада во Москва во 1970-тите. Откако нивните сопрузи, агенти на ЦИА, загинуваат во мистериозна авионска несреќа, тие тргнуваат во потрага по одговори и наидуваат на заговор од времето на Студената војна.
Во еден дел од серијата, ликот на Кларк завршува во интимна сцена со тројца мажи, а актерката вели дека снимањето траело со часови. Присетувајќи се на случувањата на сетот, таа раскажа: „Само продолжете, јас ќе седнам тука, вие донесете ги нив, а ние ќе се преправаме дека имаме секс. Токму тој ден си го повредив реброто.“
Колешката потврди: „Не се шегуваше“
Ричардсон потврди дека Кларк навистина се повредила. „Таа е многу ситна и нежна, затоа и се случи тоа“, изјави таа. Кларк додаде дека била директна и пред лекарот – кога ја прашале како се повредила, одговорила: „Секс. Трипати.“
Подоцна појасни дека реброто „не било целосно скршено“, туку само малку поместено.
И претходно снимала интимни сцени – без повреди
Иако Кларк и претходно снимала бројни интимни сцени, вклучувајќи и во Игра на тронови, вели дека никогаш досега не ѝ се случило по снимање да заврши со повреда.
Серијата Ponies моментално е достапна во САД, а сè уште не е потврдено кога ќе биде достапна и за гледачите надвор од САД.







