ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Платформата за борба против корупција бара од претседателката да не го потпише указот за измените на Кривичниот законик

January 29, 2026 13:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Фото: Кабинет на Претседател

Фото: Кабинет на Претседател

Share on FacebookShare on Twitter

Платформата за борба против корупција упати допис до претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова, со барање да не го потпише указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик и да го искористи уставното право на вето.

Како што соопштува Платформата, иако постои потреба од интервенции во Кривичниот законик, особено по измените од 2023 година, усвоените решенија, според нив, создаваат дополнителна правна несигурност и ризик од уназадување на борбата против високата корупција.

Во дописот се наведува дека со измените на кривичните дела злоупотреба на службената положба и несовесно работење во службата се предвидуваат пониски максимални казни, што може да влијае врз казнената политика и роковите за застарување на кривичното гонење за тешки облици на корупција. Дополнително, според Платформата, заштитата на јавните средства се стеснува, а кај делото несовесно работење се укинува јасната инкриминација на постапувањето на службените лица во органите на државната управа.

Како проблематични се посочуваат и предложените решенија за проширената конфискација, за кои се оценува дека не се усогласени со Законот за кривичната постапка и со меѓународните стандарди, како и фактот што антикорупциските измени се носат во ист законски пакет со одредби за усогласување со Истанбулската конвенција и зајакнување на заштитата од семејно и родово базирано насилство.

Од Платформата нагласуваат и дека начинот на донесување на измените, без соодветни јавни консултации и без систематско вклучување на јавните обвинители и судиите, не одговара на значењето и чувствителноста на материјата.

Платформата изразува уверување дека претседателката ќе ги земе предвид изнесените аргументи и ќе го врати законот на повторно разгледување во Собранието, со цел суштинска доработка на спорните решенија и заштита на правната сигурност и борбата против корупцијата.

Tags: Гордана Сиљановска ДавковаКривичен законикПлатформата за борба против корупција
Next Post

Мицкоски: Нема да има уставни измени без загарантирани права за Македонците во Бугарија и гаранции против блокади

EVN

НАЈНОВО

Фото: СДСМ

Филипче најави тужба за Жан Митрев: Нема да дозволам лаги и бандитски напади врз мојата чест и углед

January 29, 2026

Николоски: Oдлични вести од Брисел, нашите ставови се прифатени – Возачите се прифатени како професионалци

January 29, 2026

Николоски: Правиме силен меѓународен притисок да се реши проблемот со превознциите, имаме подршка од земји од ЕУ

January 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристофер Нолан ги изненади фановите со новиот тизер за „Одисеја“: откри неочекувано име во актерската екипа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk