ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Николоски: Правиме силен меѓународен притисок да се реши проблемот со превознциите, имаме подршка од земји од ЕУ

January 29, 2026 14:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Очекувам Европската Комисија во скоро време да изнајде решение за проблемот со превозниците на состанок со нас министрите за транспорт од регионот. Имаме меѓународна подршка од земји од ЕУ и за доброто на целокупната економија е да се изнајде решение, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на одговор на пратеничко прашање.

„Во однос на решенијата понудени се неколку алтернативи. Едно е да се применува истото правило кое се применува за пилотите и кабинскиот персонал, како и машиновозачите и персоналот во возовите, а тоа е дека за нив овие правила не важат. Втората варијатна е помалку прифатлива, а тоа е да се одложи овој систем за една година, па во овој период да се бара решение. Третата варијатна е да секоја земја членка на Шенген зоната издава работни визи за транспортерите, нешто што сега го прави Швајцарија или четврто решение кое Европската Комисија би го понудила”- рече вицепремиерот Николоски.

Немање решение на проблемот ќе биде сериозен удар врз транспортните компании имајќи предвид дека просечно во текот на годината тие имаат околку 240 до 250 работни денови, истакна Николоски и потенцира дека ова ќе има влијание и врз извозот во Велика Британија како втор трговски партнер на Македонија, односно ќе се запре или драстично намали ланецот на снабдување.

„Ние за оваа работа реагираме цела година. Претседателот на Владата имаше директни разговори со претседателката на Европската Комисија, исто така министерот за надворешни работи, исто така и јас разговарав во Брисел со Комесарот за транспорт, со Директорката за транспорт и мобилност, но за жал во тој момент не се најде решение и еве ескалира ситуацијата. Сега се обидуваме да помогнеме колку што можеме. Вчера бев во официјална посета на Загреб каде разговарав со потпретседателот на хрватската Влада и благодарен сум затоа што покрај заедничкото соопштене од вчера, денеска излезе на прес конференција и побара Европската Комисија да го реши овој проблем и целосно застана на наша страна. Исто така имав средба со претседателот на Стопанската комора на Хрватска, како и средби во Саборот. Понатаму разговарав три пати и со министерот од Грција со кои ги споделивме овие идеи затоа што и тие се директно загрозени, а во Бугарија без разлика што Владата е во оставка, досегашниот потпретседател на Владата и министер за транспорт и врски, Гроздан Караџов, јавно излезе и побара Европската Комисија да го реши овој проблем”-истакна Николоски.

Решението на проблемот е упатен до Европската Комисија, додаде вицепремиерот бидејќи прашањата на визината политика во рамки на Шенген зоната е целосно препуштено на Европската Комисија.

Tags: ЕУНиколоскипревозници
Next Post

Николоски: Oдлични вести од Брисел, нашите ставови се прифатени - Возачите се прифатени како професионалци

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk