ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

АА на Таравари бара итна независна истрага: Истражувањето на „Фокус“ отвора сериозни сомнежи за градоначалникот Касами

February 3, 2026 10:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Истражувањето објавено од неделникот „Фокус“, со наслов „Долината на волците на градоначалникот на Тетово“, отвора сериозни и аргументирани сомнежи за клиентелистички, семејни и политички врски во постапките за јавни набавки во општините Тетово и Желино, соопшти Алијансата за Албанците (АА), крило на Арбен Таравари.

Според соопштението, истражувањето наведува дека градежни компании поврзани со градоначалникот на општина Тетово Билал Касами, пратеникот Аднан Азизи и други функционери од актуелната власт оствариле јавни набавки во вредност од над 6 милиони евра, што, како што се наведува, претставува индиции за корупција, судир на интереси и злоупотреба на службената должност.

Како особено загрижувачки се посочуваат наводите за фаворизирање на компанијата „Мурана компани“, која, според Алијансата за Албанците, е во сопственост на вујкото на градоначалникот Касами, како и на поврзаноста со други партнерски компании кои, според истражувањето на „Фокус“, континуирано добивале инфраструктурни проекти во текот на два последователни мандати.

Во соопштението се наведува дека сериозни правни дилеми отвора и начинот на спроведување на тендерските постапки. Според наводите од истражувањето, при дел од јавните набавки не биле барани соодветни градежни референци или претходно искуство, туку биле поставени само минимални формални критериуми, што, како што се оценува, е спротивно на принципите на фер конкуренција и рационално трошење на јавните средства.

„Во правна држава, сериозните индиции документирани и објавени во медиумите го обврзуваат Јавното обвинителство да постапи по службена должност. Институционалниот молк и отсуството на реакција од страна на Општина Тетово само ги продлабочуваат сомнежите“, се наведува во соопштението.

Алијансата за Албанците бара итна, независна и неселективна истрага, нагласувајќи дека јавните средства не се ниту семејна, ниту партиска сопственост.

„Владеењето на правото се тестира токму во вакви случаи“, се додава во соопштението на Алијансата за Албанците, крило на Арбен Таравари.

Next Post

Португалија става клуч на социјалните мрежи за помладите од 16 години

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk