ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Мрежата за заштита од дискриминација: Законот мора да важи за сите, но јавниот дискурс не смее да поттикнува омраза и закани

February 6, 2026 14:56
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Мрежата за заштита од дискриминација реагира дека јавната дебата околу примената на законските услови за управување со моторни возила во изминатите денови прераснала во сензационализам, генерализации и говор на омраза, наместо во аргументирана и одговорна дискусија за доследна примена на законите.

Од Мрежата посочуваат дека законите мора да важат еднакво за сите граѓани, но истовремено институциите имаат обврска да создадат услови законските критериуми да бидат реално применливи за сите општествени групи. Во спротивно, последиците, како што наведуваат, најчесто ги чувствуваат веќе ранливите заедници, што дополнително ја продлабочува недовербата во институциите и правниот систем.

Во соопштението се наведува дека јавниот дискурс последните денови, наместо да се задржи на конкретното правно прашање, се трансформирал во поделба на „ние“ и „тие“, при што целата ромска заедница била претставена како поинаква и инфериорна. Според Мрежата, ваквиот пристап ги зацврстува стереотипите и ја оправдува долгогодишната дискриминација и исклучување на Ромите од општествените процеси.

Посебно се нагласува дека расизмот кон Ромите останува клучна причина зошто бројни политики и стратегии со децении не даваат конкретни резултати, а повеќекратната дискриминација – особено кон жените Ромки – се манифестира и на институционално и на општествено ниво. Образованието, како еден од клучните предуслови за излез од трансгенерациска сиромаштија, и понатаму не е подеднакво достапно, при што дел од децата се целосно исклучени од образовниот процес, а други се соочуваат со сегрегација и покрај судските пресуди.

Наместо исклучиво казнени мерки, од Мрежата повикуваат на системски и долгорочни политики што ќе овозможат пристап до образование, вклучително и образование за возрасни, економска интеграција и социјална поддршка. Се предупредува дека строгата репресивна примена на законите, во услови на системски пречки, може да доведе до непропорционални последици врз маргинализираните заедници.

Во соопштението се укажува и на загрижувачкиот обем на говор на омраза и закани со насилство во јавниот простор, при што институциите се повикуваат да реагираат доследно, без селективност. Посебен апел е упатен и до јавните функционери за внимателен и одмерен тон во комуникацијата, кој ќе придонесе кон доверба во институциите.

Мрежата ја нагласува и улогата на медиумите, повикувајќи на одговорно известување без сензационализам и наративи што водат кон стигматизација, како и на доследно модерирање и отстранување на коментари со говор на омраза, закани или повици на насилство.

На крајот, се потсетува дека државата има обврски согласно меѓународните стандарди и препораки за елиминирање на дискриминацијата врз Ромите, вклучително и обезбедување еднаков пристап до образование, домување, здравство и вработување, како и активни политики за инклузија и справување со говорот на омраза.

Според Мрежата, само преку еднаква примена на законите, одговорен јавен дискурс и политики што ги земаат предвид реалните услови во кои живеат различните општествени групи може да се обезбеди вистинска правна сигурност и еднаквост за сите граѓани.

Next Post
Скриншот

(ВИДЕО) Олимписко модно шоу во модната престолнина Милано

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk