ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Отворен вторник“ со Васил Тасевски – мултимедијална и перформативна вечер во ТРН

February 9, 2026 13:37
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во вторник, со почеток во 20:00 часот, во просторот ТРН во Дебар Маало, спроти Министерството за култура, ќе се одржи „Отворен вторник“ со визуелниот и перформативен уметник Васил Тасевски, информира Партизанска штампа.

Настанот е замислен како мултимедијална и перформативна вечер која вклучува промоција на уметникова книга, видео-арт проекција и музичко-перформативна програма во живо. Во рамки на вечерта ќе биде промовирана книгата „Отпечатени впечатоци“, изработена во техника сито печат, создадена за време на кратка резиденција во студиото на Партизанска штампа.

Покрај промоцијата на книгата, ќе биде прикажана и селекција од кратки филмови на Тасевски, реализирани за време на негови резиденцијални престои во Франција. Програмата ќе биде дополнета со музичка селекција на диџеј Владимир Муратовски – Диво, колаж-работилница на Скопје Колаж Колектив, како и со музички настап на Дарко Тасевски.

Книгата „Отпечатени впечатоци“ претставува серија фотографии отпечатени во сито печат, преку кои авторот ги пренесува личните и несвесни впечатоци од патувања што со текот на времето се развиваат во визуелни наративи. Соработката меѓу Партизанска штампа и Васил Тасевски започнала во рамки на Уметничката резиденција Папрадиште, како процес на заедничка продукција што ги поврзува фотографијата, графиката и експерименталните визуелни практики.

Васил Тасевски (роден 1984 година во Скопје) е уметник чија практика се развива околу аналогната фотографија, телото, движењето и односот меѓу светлината и просторот. Образуван во Франција во областа на циркуските уметности и современата уметност, тој ја третира фотографијата како чувствителен и временски условен медиум. Неговите дела се претставени на повеќе изложби и проекти во Македонија и Франција, меѓу кои „Осетливи ткива“ во Музејот на Македонија во 2023 година и „Осетливи површини“ во Лориент во 2025 година.

Настанот е дел од новата програма на Партизанска штампа, преку која се најавува серија резиденцијални престои и јавни презентации на уметници надвор од класичниот галериски контекст, со фокус на современата уметност во неформален и отворен простор.

Tags: Васил ТасевскиОтворен вторникПартизанска штампа
Next Post
Фото: Општина Центар

Герасимовски: Почна реконструкцијата на улицата Мирослав Крлежа во Дебар Маало

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk