ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Вечното минато и ВМРО-ДПМНЕ

February 12, 2026 07:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Главната тема на најразличните студии по сите страни на светот за спречување на враќање на фашизмот и геноцидот е темата на борбата на мемориите.

Пишува: ЉУБОМИР Д. ФРЧКОСКИ

Како да се запамети тоа што треба и да се обескуражи ревизијата на фактите и историјата со цел да се испере совеста, да се спаси од прогон и да се овозможи политички живот на сторителите на злоделата. Секоја војна се води два пати – на бојното поле и во меморијата!

Тоа го прават во Европа одрекувачите на Холокаустот, тоа го прават во Америка Белите христијански супрематисти шминкајќи ја историјата на геноцидите и репресијата, тоа го прават пребеганите Хути во околните држави на Руанда, тоа го прават Србите со војните од распадот на Југославија 1991 и Сребреница, тоа го прават Русите со геноцидот на изгладнување на Украина и Украинците, Холодоморот од сталинистичкиот период и тоа го прават Израелците со Газа и Палестинците…

На еден соодветно простачки, карикатурален начин со постојано запоседнување на толкувањето на историјата – што всушност се случило и како да се вреднува тоа – кај нас се обидува тоа да го прави ВМРО-ДПМНЕ.

Таа постојана и тотална опседнатост со толкувања на минатото, посебно современото минато по независноста (и улогата на Зоран Заев на пример) има своја политичка и колективно психолошка причина. Таа извира од два свесно-потсвесни кошмарни стравови. Таа и таквата опседнатост со минатото е всушност знак на немање сегашност.

ВМРО ДПМНЕ не може да се пронајде во ниту еден конститутивен политички гест на современата македонска држава. Тоа ја прави партијата излишна, без причина на постоење и тоа таа го има разбрано на некој перверзен начин. Единствен начин да се легитимира е сите коститутивни гестови на современата македонска држава да ги прогласи за предавства. Само така таа партија “има причина да постои” за имено нив да ги “поништи” и да ја “от-предаде Македонија”? Тоа е првата интерфејс борба на вмровците, првиот хтонски страв од темелна излишност.

Вториот страв е страв од сведоците на излишноста, на непостоењето и се поврзува со политичарите кои ги изнеле тие конститутивни акти на македонската државност – базично Киро, Борис и Зоки. Нив треба да ги прогласат за “криминални умови” и тука се нели: куферчињата пари, кесите пари, струјата , јагленот, сега марихуаната, Дубаи и сл.  Бидејки со простото постоење и важноста, вреднувањето на нивните дела, политичките елити на ДПМНЕ се сведуваат инстантно на ниво на комунални хохштаплери кои единствено вработуваат свои, се богатат од политиката и апсат ако можат. Ништо повеќе,  ништо политички важно, ништо што ќе остане запаметено и апсолутно ништо за Македонија.

Tоа се нарекува власт во гротеска или ибиевски терор: моќ и репресија од се поништожните со дух и способности. Или со шекспировски речник тоа би бил срамен суверенитет и дисквалификуван суверен.

Единствената акција на сегашнава постава на ДПМНЕ е пропагандата и создавањето Потемкини села покрај патот од картон граѓа.

И нормално кога тие оргијастички обреди стартуваат ќе ги видите вмровските портпароли. На прв поглед ќе помислите дека тие ликови се жртви на лоботомија или социопати, но потоа ви станува јасно дека се обикновени морони на најниските скалила на хиерахијата на вмровска пропаганда која (да го користам изразот на Мајкл Волф) не е власт, технократија, бирократија туку Моронократија.

Последната операција на оваа власт е обид за создавање интрига , конспирација од некаква обемна заплена на марихуана во Србија за која српските весници детално пишуваат поврзувајќи ја со знаење на властите на Србија и Македонија. Кај нас интригата се гради со поврзување на марихуаната со кој ако не Зоран Заев и СДСМ. Таа партија и Заев се во центарот на таа дрогерашка афера?

Јебала вас конспирација!

За создавање сериозна интрига или конспирација едноставно нема услови кај ВМРО.

Имено за да се создаде политичка интрига потребно е да се има држава , администрација и декаденција;

Потребна е хтонска длабочина и дионизиска природа на мрак , влажност и распаѓање – наспроти аполониските институции на власта кои се позитивитетот;

За интрига е потребно софистицирано чувство за апсурд , интелигенција , знаење на бели арти и возвишено образовани за метафизика, психологија на групи и манипулации со волјата;

За интрига е потребно знаење од сексуалната патологија и владеење со опусот на Маркиз Де Сад, Оскар Вајлд и Емили Дикинсон!

Таа ситна плетка на дворски интриги на овие простори ја плетеле Теодосие Втори, Атанасија, Големите Логорејасти , Логотетите од Јован Цимискије и Константин Мономах преку Василие Македонецот до Јован Осми Палеолог. Но Најмногу од нив Михаил Псел .

Значи, со еден збор , драги вмровци вие како сељачана немате никаква шанса да создадете или загинете од интрига! Вие сте плитки и равни како три-на-три плетка за џемперче, што би рекла баба ми Лена и не се оптеретувајте со такви теми! Вие владеете како банда со приватна војска во што го претворате МВР .


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Либертас
Next Post
Анаис хороскоп, Македонија, Битола Широк Сокак

Дневен хороскоп со Анаис – 12 февруари 2026

Shortcut

Најново

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk