Децата на Џенифер Гарнер не се воодушевени кога на екран ја гледаат својата мајка како 30-годишната, заводлива и успешна Џена Ринк. Актерката неодамна откри дека нејзиниот хит-филм од 2004 година, 13 Going on 30 (познат и како „Од клинка до комада“), ѝ создал неочекувани „проблеми“ дома кога нејзините деца влегле во тинејџерските години.
Во подкастот Not Gonna Lie, што го води Кајли Келси, 53-годишната актерка раскажа дека филмот често се пуштал на роденденски забави или преспиванки кај пријатели.
„Им беше навистина тешко“, признала Гарнер. „Родителите мислеле дека прават нешто забавно, но моите деца реагираа сосема спротивно.“
„Им беше срам“
Гарнер, која ги има Вајолет (20), Серафина (17) и Самуел (13) со поранешниот сопруг Бен Афлек, вели дека децата доживувале вистинска непријатност кога ја гледале во романтични сцени.
„Прво, им беше срам. Второ, тешко им е да ме гледаат тажна или вљубена. И едноставно – им беше непријатно“, објаснила таа.
Во некои случаи, децата ѝ се јавувале од преспиванка со изговор дека ги боли глава, само за да си одат дома. „А јас си мислам: ‘Главоболка? Никогаш не те боли глава. Но сакаш да дојдам по тебе? Во ред.’“
Прифаќање на тинејџерската фаза
Иако е свесна дека ова е нормална фаза, Гарнер вели дека ужива во растењето на своите деца.
„Најубавото кај тинејџерите е што се неверојатни. Забавни се, имаат интереси што никогаш не би ги погодиле, внимателни се“, рекла таа.
Топол однос со Бен Афлек
Кога станува збор за ко-родителството, Гарнер потенцира дека најважни се децата и дека таа и Афлек се целосно усогласени околу нивното воспитување.
Во интервју за Vanity Fair во 2016 година, таа изјави: „Не е работа на Бен да ме направи среќна. Децата се најважни.“
Иако, како што признава, го изгубила сонот дека ќе танцува со сопругот на свадбата на својата ќерка, додава дека односот останал почитлив. „Кога ќе ги видите лицата на вашите деца кога тој влегува во просторијата – тогаш едноставно останувате во добри односи.“
Редакција Фронтлајн







