ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ПР агенцијата Eye Media со демант: Нема соработка со СДСМ ниту со Зоран Башановиќ

March 22, 2026 14:00
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ПР агенцијата Eye Media категорично ги демантира наводите објавени во медиумите дека има соработка со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Во соопштението, компанијата наведува дека нема никаков договор, ангажман ниту било каква форма на соработка со СДСМ или нивните советници.

„Не постои никаков ангажман на агенцијата во креирање соопштенија, прес-конференции или било каква комуникациска поддршка за СДСМ“, се наведува во реакцијата.

Од Eye Media додаваат дека тврдењата за наводно „штанцање лажни соопштенија“, „центар за лаги“ или „надворешна ПР машинерија“ се целосно невистинити и немаат никаква основа во факти.

Во демантот се потенцира и дека компанијата нема никаква поврзаност со Зоран Башановиќ.

„Тој не е дел од нашиот тим ниту сме имале било каква соработка со него“, се наведува во соопштението.

Компанијата истакнува дека се занимава исклучиво со односи со јавност, корпоративни комуникации и стратешко советување.

Воедно, посочуваат дека сите евентуални идни соработки со политички партии ќе бидат транспарентни и јавни.

Претходно, Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ изјави „Српска ПР агенција ги штанца лажните соопштенија и прес-конференции на СДСМ“.

Тој обвини дека Зоран Башановиќ, поранешен советник на Зоран Заев, го води ПР тимот на СДСМ и Венко Филипче, додавајќи дека зад комуникацијата стојат лица поврзани со Србија.

Според Манасиевски, Венко Филипче пред неколку месеци, по препорака на Зоран Заев, остварил средба во Ниш со Милјан Счекич, кој, како што наведе, бил ангажиран за креирање на соопштенија и прес-конференции.

Како што рече, станува збор за лице поврзано со српската ПР агенција Eye Media, кое преку Башановиќ било предложено да работи за СДСМ.

Манасиевски тврди дека Башановиќ и Счекич се наоѓаат во Скопје, каде од хотел го координираат, како што изјави, „центарот за лаги и манипулации“ на СДСМ.

Тој додаде дека ова, според нив, ја објаснува содржината и стилот на соопштенијата на СДСМ, како и употребата на, како што рече, „српски фрази и споредби“.

Next Post

(ВИДЕО) Мицкоски: Владата донесе одлука за намалување на ДДВ за горивата од 18 на 10 отсто, што значи намалување на цената oд 6 до 7 денари

Најново

Фото: Фронтлајн

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор за смртта на Ивана и Катја

May 7, 2026

Мицкоски со критика до младите и тие што работат сезонски во странство: Не може да плаќате даноци надвор, а тука да барате бесплатно здравство

May 7, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис за 7 мај 2026: Време е за конечна реализација

May 7, 2026
Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk