ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Во Скопје вечерва промоција на сликовницата „Памук“ – визуелна бајка за домот и растењето

March 26, 2026 18:30
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Културно-информативниот центар во Скопје вечерва, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи промоција на авторската сликовница „Памук“ од Ника Гавровска и Ѓоко Гавровски, во издание на „Гаврош“.

Станува збор за современо авторско издание што ги спојува литературата и визуелната уметност во една „вистинска бајка“ посветена на темите на растењето, домот и сеќавањето.

Сликовницата „Памук“ е создадена преку хибридна визуелна техника што комбинира рачно изработени минијатурни сетови, ликови базирани на куклена изработка и фотографска илустрација. Секоја сцена е внимателно изградена, осветлена и фотографирана како мал филмски сет, создавајќи специфичен визуелен универзум кој може да се доживее и како книга и како филм во движење.

Овој пристап, како што се наведува, резултира со уникатна атмосфера што ја надминува класичната форма на сликовница и ја доближува до мултимедијално уметничко дело.

Во наративна смисла, „Памук“ претставува дистописка алегорија за патувањето на малиот штрк Памук и неговото семејство низ свет напуштен од луѓето, каде што патот кон дома е заборавен, а со тоа и значењето на самиот поим „дом“.

Со поетска нарација и изразена визуелна длабочина, приказната ја следи авантурата на Памук во потрагата по изгубеното сеќавање и древните патеки што некогаш ги воделе сите птици. Во фокусот е и неговото внатрешно патување – процесот на созревање и постепеното откривање на сопствениот пат.

Ника Гавровска е авторка на повеќе илустрирани изданија, меѓу кои „Бел“ (2019), „Бамбино“ (2022), „Збор по збор“ (2022) и графичкиот роман „Ветерната приказна“ (2023).

Ѓоко Гавровски е мултимедијален уметник, а „Памук“ е негова прва книга во која се јавува како автор на ликовното обликување и визуелната концепција.

Промотор на изданието ќе биде проф. д-р Кирил Пенушлиски.

Промоцијата ќе биде придружена со изложбена поставка на оригиналните експонати и минијатурни сценографии користени во процесот на создавање на книгата, што ќе овозможи увид во визуелниот и материјалниот слој на делото.

Во рамки на настанот ќе се одржи и разговор со авторите, посветен на креативниот процес и концептуалниот пристап зад ова издание.

Next Post

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk