ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

СДСМ со обвинувања до обвинителот Савески: Изборот на Костеска-Здравеска е враќање на „тевтерчето“

March 28, 2026 11:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ денеска на прес-конференција пред Јавното обвинителство обвини дека мандатот на новиот јавен обвинител Ненад Савески започнал со, како што велат од партијата, „сериозен скандал“, поради предлогот Јасмина Костеска-Здравеска да биде шефица на Вишото јавно обвинителство.

На прес-конференцијата, генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, рече дека јавниот обвинител требало да биде „независен“ и „гарант на правдата“, но според партијата, уште на почетокот на мандатот се отвориле сериозни сомнежи за начинот на кој се носат кадровските решенија.

„Тука сме пред Јавното обвинителство, затоа што скандалот на почетокот на мандатот на новиот јавен обвинител е сериозен аларм за она што се случува“, изјави Димитријевиќ.

Тој посочи дека СДСМ и претходно изразила резерви во однос на изборот на Савески. „Јавниот обвинител требаше да биде независен. Требаше да биде гарант на правдата. Како што рековме, не сме сигурни кога станува збор за изборот на Мицкоски, без оглед на биографијата. Еве, не ни почна со работа, а веќе имаме скандал“, рече Димитријевиќ.

Според него, спорен е предлогот Костеска-Здравеска да раководи со Вишото јавно обвинителство. Димитријевиќ тврдеше дека нејзиното име се споменувало во разговорите од „бомбите“, во комуникација меѓу, како што наведе, Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска, каде наводно се договарал нејзиниот избор.

Во тој контекст, тој цитираше делови од тие разговори: „Таа што сме ја договарале“, „Ја квалификувавме како наша“, „Наша е, кога ќе го видиш ќе ти текне човекот“.

Димитријевиќ на прес-конференцијата рече и дека сопругот на Костеска-Здравеска бил поврзан со процесот за лустрација на Славко Јаневски, по што оцени дека „вака почнува мандатот на новиот обвинител“. „По теркот на Никола Груевски, со договорени судии и обвинители од ‘тевтерчето’, кое граѓаните многу добро го паметат“, изјави тој.

Од СДСМ прашаа дали одлуката за овој предлог е самостојна одлука на обвинителот Савески или, како што тврдат, станува збор за политичко влијание. „Дали оваа одлука е самостојна на обвинителот Савески или е уште една задача дадена од Христијан Мицкоски?“, праша Димитријевиќ.

Во обраќањето, тој упати и низа политички обвинувања кон власта, тврдејќи дека „се враќаме во 2016 година“ и дека „духот на Сашо Мијалков и Никола Груевски не само што е присутен, тој повторно живее во институциите“.

СДСМ порача дека граѓаните, како што велат од партијата, „веќе еднаш го победија тој систем“ и оти „ќе го победат повторно“.

Next Post

Ѓорѓиевски: БРТ ќе се движи по крајните ленти – трасата нема да го загрози зеленилото

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk