ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче: Земјоделството е пред колапс а власта нема ниту една антикризна мерка

April 5, 2026 16:00
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кризата ќе станува се потешка, состојбата во земјоделството е алармантна, а владата нема донесено ниту една антикризна мерка за помош на земјоделците, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната средба со земјоделци во неготинско Криволак. Филипче посочи дека поради високите цени на нафтата, драстично се зголемени цените на вештачките ѓубрива и сите трошоци што ги имаат земјоделците, што сериозно ја доведува во прашање одржливоста на земјоделското производство и егзистенцијата на земјоделците.

„Ситуацијата е навистина алармантна. Во овој период кога растат цените на нафтата, земјоделците се соочуваат со сериозни предизвици. Прво, по прашање на нивната егзистенција, како земјоделци и семејствата кои што преку земјоделството ги издржуваат. И второ, поради негрижата на власта за овој сектор мора да знаеме дека може да се соочиме со сериозен недостаток на производство на одредени земјоделски култури, посебно житарици. Тоа значи дека во следниот период може да се соочуваме со дополнителен раст и на цената на лебот до крајот на годината“, рече Филипче.

На средбата на која што се разговараше за актуелната состојба во земјоделството и проблемите, Филипче посочи дека секој сектор е погоден од промашените политики на власта, и најави дека СДСМ во следниот период ќе предложи законски решенија за помош на земјоделците.

„Ниски субвенции, ниска откупна цена на килограм произведено грозје. Сега нема никаква најава дека црните грозја, од сортите на црните грозја, ќе се откупуваат. Ниска субвенција и неисплатена за сточарите, висока производна цена поради висока цена на работната рака, водата, ѓубривата. Сѐ на се сметам дека оваа ситуација треба да биде сериозен аларм. Ние во следниот период, имајќи ги предвид нивните барања ќе предложиме неколку предлог закони, како што тоа го направивме лани, што за жал власта го одбија,а тоа беше за зголемена откупна цена по килограм грозје“, рече Филипче.

Next Post
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис - 6 април 2026

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk