ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Кога не би бил институција, знам како се решава ова“: Мицкоски очекува судовите да постапат за заканите упатени кон него

September 14, 2026 14:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски јавно ги коментираше заканите упатени кон него на социјалните мрежи, за кои МВР поднесе кривична пријава, а Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 39-годишен жител на кумановското село Черкези.

Мицкоски рече дека за случајот дознал вчера и откри дел од содржината на заканите и навредите што, според него, биле упатени кон него и неговото семејство.

„И јас вчера дознав за тие закани, дека сум бил свиња и дека ќе ме колел на плоштад, и упатил пцовки кон мене и моето семејство“, рече Мицкоски.

Тој порача дека очекува надлежните институции да постапат во случајот.

„Јас сум сепак институција. Кога не би бил, знам како се решаваат овие работи. Претпоставувам дека институциите си ги презеле надлежностите. МВР ги презело работите од своите надлежности, се надевам судовите ќе постапат согласно своите надлежности“, изјави Мицкоски.

Според редовниот билтен на МВР, Отсекот за компјутерски криминал при СВР Куманово, во содејство со Секторот за компјутерски криминал и Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, поднел кривична пријава по брза постапка против А.Д. од селото Черкези. Пријавата е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 5 од Кривичниот законик.

Од полицијата наведуваат дека на 11 септември пријавениот оставил коментар со заканувачка содржина на објава на профилот на Мицкоски на социјална мрежа.

Основното јавно обвинителство Куманово соопшти дека повело постапка против 39-годишникот поради основано сомнение за истото кривично дело. Според Обвинителството, осомничениот преку пораки на социјалните мрежи го навредувал и му се заканувал на претседателот на Владата.

Надлежниот обвинител побарал определување притвор, наведувајќи ги околностите на извршување на делото, ризикот од бегство и претходното поведение на осомничениот. ОЈО наведува дека тој се јавува како извршител и на други кривични дела од областа на насилниот криминал, меѓу кои насилство и лихварство, како и на поголем број прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир.

Според проценката на Обвинителството, постои реален ризик агресивните испади на осомничениот да прераснат во потешки кривични дела со животозагрозувачки последици. За предлогот за притвор одлучува судија на претходна постапка.

Next Post

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

Shortcut

Најново

Апсењето на Кричак: Пресметка во српскиот безбедносен апарат или почеток на институционални промени?

November 1, 2026
Амб. Лариса Дир - епископ Партениј

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026
Амб. на Украина, Лариса Дир

Лариса Дир: Кремљ ги претвора студот и темнината во оружје против Украинците

October 30, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Фотографија: Unsplash

Украдени милијарди од Binance: Замрзнати 2,7 милијарди долари, напаѓачот задржал уште 2,4 милијарди

October 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk