ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026 15:16
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција предложи конкретни мерки за намалување на цените на горивата, од кои граѓаните ќе видат реален ефект.  Филипче посочи дека мерките на Владата се повторно задоцнети и недоволни, без суштински ефект, додека граѓаните веќе подолг период се соочуваат со високи цени и растечки трошоци.

„Денешните предлог мерки од премиерот се задоцнети и  недоволни, намалување само на ДДВ. Затоа предлагаме Владата да ги слушне граѓаните, да излезе од нивниот свет, замислен свет, да излезе премиерот од неговиот свет на бајките и на елитата, така наречена, да ги слушне проблемите со кои што граѓаните се соочуваат, да излезе од светот негов, да ги имплементира следни мерки: dа се укине акцизата на горивата и ДДВ-то да се намали од 18% на 5%“, рече Филипче.

На прес-конференцијата, Филипче, направи споредба што значат мерките на Влада, а што и каков бенефит ќе добијат граѓаните со мерките што ги предлага СДСМ, од што јасно се гледа дека со мерките на СДСМ граѓаните ќе имаат значајно олеснување,  реално поголема куповна моќ и помал трошок за гориво.

„Ќе направам една споредба, ќе кажам неколку суми на литри споредбено со просечната и минимална плата, односно колку еден човек со просечна или минимална плата може да купи литри гориво, сега со мерките кои ќе ги предлага владата, и така како што ние предлагаме, за да имаат, претстава граѓаните за што станува збор. Доколку се имплементираат мерките на Владата, недоволното намалување на акцизата од 18 на 10%, тогаш, човек со просечна нето плата може да купи 513 литри евродизел или 535 литри Евросупер. Со нашите предлог мерки, ќе може да купи 621 литар евродизел, значи 108 литри повеќе, или 740 литри евросупер, односно 205 литри повеќе.“, рече Филипче.

Филипче посочи дека разликата уште појасно се гледа кај граѓаните кои примаат минимална плата, за кои секое намалување на трошоците има директно значење за семејниот буџет.

„Човек со минимална плата, наместо со мерките кои што ги предлага Владата да може да купи 276 литри евродизел, да може да купи 334 литри евродизел, значи 58 литри повеќе, и наместо 288 литри евросупер, 398 литри евросупер, односно 110 литри гориво повеќе со мерките на СДСМ.“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ нагласи дека ова се мерки што ќе имаат поширок ефект врз економијата, бидејќи пониските цени на горивата можат да влијаат и врз останатите цени, особено во услови кога граѓаните се соочуваат со високи цени на основните производи.

„Сметаме дека ова се вистински мерки, кои граѓаните ги заслужуваат, затоа што ова значајно намалување на цените на горивата, со поддршка од страна на државата, може да предизвика и некаков пад на останатите цени. Затоа што цените по маркетите се ужасни. Ние имаме поскапи цени од Германија – на прехранбени продукти, на пијалоци, на се. И никој од оваа криминална арамиска влада за тоа не е заинтересиран, заинтересирани се само за партиските тендери од кои што крадат народни пари.“, рече Филипче.

Shortcut

Најново

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

„Кога не би бил институција, знам како се решава ова“: Мицкоски очекува судовите да постапат за заканите упатени кон него

September 14, 2026

СДСМ бара истрага од Обвинителството: Каде завршија 5,5 милиони евра од лотаријата за прославата со Дејвид Гета?

September 14, 2026

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

(ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk