ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ бара истрага од Обвинителството: Каде завршија 5,5 милиони евра од лотаријата за прославата со Дејвид Гета?

September 14, 2026 12:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ преку портпаролката Богданка Кузеска денеска пред Јавното обвинителство побара итно отворање на истрага за трошењето на 5,5 милиони евра преку Државната лотарија за прославата на Денот на независноста. Од партијата обвинуваат дека од граѓаните се крие вистината, како и целосната документација, одлуките и фактурите за настанот на кој, меѓу другите, настапи и светскиот диџеј Дејвид Гета.

Кузеска го проблематизираше начинот на кој е донесена одлуката, прашувајќи врз која законска основа Владата ѝ наложила на Државната лотарија да ја финансира прославата и кој орган одобрил трошење на над 300 милиони денари без соодветна одлука на Собранието на акционери. Според СДСМ, јавниот повик траел само пет работни дена и на него пристигнала само една понуда. Дополнителен сомнеж, според опозицијата, фрла фактот што повикот завршил на 8 мај, а само три дена подоцна веќе бил најавен настапот на Гета, што за СДСМ е доказ дека условите биле однапред приспособени за конкретен организатор.

Од СДСМ инсистираат Обвинителството да утврди колку чинел настапот на Дејвид Гета, кои странски и домашни фирми добиле пари и како се вршеле исплатите кон компанијата организатор доколку нејзината сметка била блокирана. Истовремено, се бара одговор каде завршиле приближно 1,75 милиони денари од продадените билети. Покрај до Обвинителството, партијата упати повик за итна реакција и до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и до Државниот завод за ревизија, со цел да се утврди каде завршил секој денар од потрошените 5,5 милиони евра кои власта првично тврдеше дека ќе чинат нула денари.

Next Post

„Кога не би бил институција, знам како се решава ова“: Мицкоски очекува судовите да постапат за заканите упатени кон него

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk