ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

Од 50.000 до 200.000 посетители, од „нула денари“ до 5,53 милиони евра, од пензии до туризам и европски економски рекорди – политичката сцена е претворена во натпревар на бројки. Но зад таа врева останува многу поважно прашање: дали и каква политичка алтернатива им се нуди на граѓаните?

September 14, 2026 10:05
in ZOOM IN, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Војната на бројките продолжува.

Премиерот Христијан Мицкоски тврдеше дека прославата на 35 години независност ги чинела граѓаните и државниот Буџет „нула денари“. Само еден ден подоцна, под притисок на јавноста, од Владата беше соопштено дека манифестациите чинеле околу 5,53 милиони евра: 300 милиони денари од нераспределената добивка на Државна лотарија и уште околу 40 милиони денари од приватни компании.

Прашањето дали парите на државна компанија формално се буџетски не ја менува суштината. Станува збор за средства на компанија во државна сопственост, за чија употреба јавноста има право да бара целосна отчетност.

Потоа дојде новата бројка. Мицкоски зборува за над 200.000 граѓани на прославата, додека самиот Дејвид Гета во објава од Скопје спомена 50.000 фанови.

Слична битка со бројки и статистики веќе долго време се води и околу пензиите, економскиот раст и туризмот. СДСМ возвраќа со соопштенија, прес-конференции и остри квалификации, тврдејќи дека владините статистики немаат врска со реалниот живот на граѓаните.

Разоткривањето на неточни, манипулативни или селективно употребени бројки е неопходно. Власта мора да биде контролирана и секој потрошен денар мора да биде проверлив. Но политиката не може да почнува и да завршува со ставот: „Мицкоски повторно излажа“. Тоа можат – и мораат – да го прават медиумите и граѓанските организации што работат во сферата на демократијата и транспарентноста. Се разбира, тоа е задача и на политичарите. Но за нив постои едно големо „но“ – политичкиот натпревар не се добива само со разобличување на противникот.

Власта има моќ, институции и огромна пропагандна машинерија. Ако опозицијата постојано само реагира на нејзината дневна агенда, тогаш токму власта продолжува да ги определува темите, ритамот и теренот на политичката борба.

На земјата не ѝ треба само подобар демант. Ѝ треба подобра понуда – реална, заснована на конкретни идеи, вредности и програми, доволно јасна и убедлива за граѓаните да ја препознаат како вистинска алтернатива.

На земјата, длабоко поделена и по етнички линии, не ѝ треба уште повеќе национализам. Национализмот, без оглед од каде доаѓа, не може да биде победничка формула за иднината – тој може само да ги продлабочи поделбите, да внесе уште поголем неред и, во крајна линија, да создаде услови и за насилство.

На земјата ѝ се потребни и подобро информирани граѓани, кои знаат да разликуваат лага од вистина, но и јавен простор во кој лагата има политичка и морална цена, а вистината се вреднува како предуслов за демократски развој. Одговорни се и медиумите, и граѓанското општество. Свој дел од одговорноста носи и меѓународната заедница со својата често додворувачка и стабилократска политика. Сите имаат удел во обликувањето на средината во која се води овој груб, недемократски и деструктивен политички натпревар.

Во спротивно, војната на бројките ќе продолжи. А ваква власт, дури и кога губи во фактите, ќе продолжи да победува во политиката.

 


ЦИВИЛ МЕДИА


Лагите и насилството се штитат со гушење на независните медиуми и граѓански организации.

Поддршка за ЦИВИЛ

Дајте го својот придонес СЕГА.

Next Post

СДСМ бара истрага од Обвинителството: Каде завршија 5,5 милиони евра од лотаријата за прославата со Дејвид Гета?

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk