ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

ЕКСКЛУЗИВНО | Европските држави мора колективно да се организираат за да ги отстапат своите ракети-пресретнувачи на Кијив, но и што е можно поскоро да ги координираат и зголемат производствените капацитети за овие ракети на ниво на целиот континент, повикува група воени и истакнати личности од цивилниот сектор во авторски текст објавен во „Ле Монд“.

September 13, 2026 12:14
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

На 22 август, Емануел Макрон го најави испраќањето нови француски пресретнувачи и оцени дека е „од суштинско значење сите земји што располагаат со вакви средства исто така да се приклучат на овој напор“. На 23 август, во Кијив, данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека западните земји сосема можат да испорачаат повеќе ракети, „потребна е само политичка волја“. На 24 август, Коалицијата на волните [Coalition of the Willing, група од 35 држави, главно европски, кои ја поддржуваат Украина против руската инвазија] го прогласи зајакнувањето на украинската противвоздушна одбрана за „апсолутен приоритет“. Оттука, итноста од обезбедување такви системи сега е признаена на највисоко ниво.

Затоа бараме европските држави што располагаат со залихи од ракети-пресретнувачи без одлагање да ѝ ги отстапат на Украина. Овие ракети веќе се достапни. Нивниот трансфер затоа може да има непосреден ефект, за разлика од капацитетите што допрва треба да ги изградиме. Секоја недела одложување се плаќа со цивилни животи.

Во јули, Русија истрела 195 балистички ракети врз Украина: поради недостиг од доволен број пресретнувачи, биле пресретнати само 15 проценти, според украинското Министерство за одбрана. Во август ситуацијата дополнително се влоши, а украинската одбрана и натаму не е способна да ги запре сите ракетни салви што ги погодуваат градовите, болниците и енергетската инфраструктура. На 29 јули, [украинскиот претседател] Володимир Зеленски побара дополнителни 300 пресретнувачи за да ја помине зимата. Сепак, Украина во текот на цела 2026 година треба да добие само 264 пресретнувачи „Патриот“, во споредба со 675 во 2023 и 364 во 2025 година. Потребите само за една зима, според тоа, ги надминуваат испораките што се очекуваат за цела година.

Вашингтон нема да ѝ обезбеди на Украина количество ракети „Патриот“ какво што ѝ е потребно, а [американскиот претседател] Доналд Трамп се повлече од ветувањето дадено на Володимир Зеленски дека ќе го одобри нивното производство по лиценца. Од почетокот на војната, на 24 февруари 2022 година, Европа ја согледува цената на своите двоумења. Таа денес не смее, во случајот со пресретнувачите, да ги повтори одложувањата што ги одбележаа толку многу други испораки. Интензивирањето на руските напади сега нè принудува на тоа: пресретнувачите се достапни, тие уште денес можат да заштитат човечки животи, да ги испорачаме без одлагање.

Огромна нерамнотежа

Ќе се приговори дека со отстапувањето на нашите залихи ги намалуваме сопствените безбедносни резерви. Приговорот изгледа оправдан. Но овие залихи, создадени за мирновременски услови, не би биле доволни за водење војна со висок интензитет. Владимир Путин нè тестира со месеци, преку војна што не се нарекува со своето име: прво беше погодено источното крило, но Русија сега ја става на тест цела Европа. На 13 јули, Франција официјално му припиша на ФСБ [руската служба за внатрешно разузнавање] постојани активности на сајбер-шпионажа насочени кон француски субјекти, особено од областа на одбраната, дипломатијата, правосудството и технологијата. Германија неодамна официјално ѝ го припиша на Русија обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг. Нашата безбедност е директно загрозена. Секое двоумење околу вооружувањето на Украина, Москва го чита како слабост. Најдобриот одговор останува цврстината: на Украина да ѝ се дадат средствата да издржи.

За таа цел, Европа мора да излезе од логиката на поединечни најави. Секоја земја што располага со вакви системи — Германија, Шпанија, Франција, Грција, Италија, Холандија, Полска, Романија и Шведска — мора да одвои утврден дел од своите залихи според однапред познат распоред. Овој распоред, кој би се ревидирал на секои три месеци во рамките на состаноците на Контакт-групата за одбрана на Украина, би овозможил да се знае колкави количества навистина се достапни и да се планира нивната замена. Украина би знаела на што може да смета, а нашата индустрија што треба да произведува. Секоја испорачана ракета мора да активира нарачка за нејзина замена.

Овој механизам е дотолку понеопходен што нашите производствени капацитети и натаму значително заостануваат зад потребите. Оваа индустриска слабост денес е очигледна. Европа нема да ги произведе своите први „Патриот“ во Баварија пред 2027 година; високомобилниот систем за противвоздушна одбрана SAMP/T NG постепено влегува во употреба, но неговата ракета Aster 30 B1NT нема да биде испорачана пред 2027 година. Во исто време, Русија уште во 2025 година произведувала околу 800 до 1.000 балистички ракети и, според Володимир Зеленски, цели кон капацитет што може да достигне 1.300 годишно. Нерамнотежата е огромна. Таа налага масовно зголемување на темпото на производство на пресретнувачи, но и на дронови и системи против дронови, за утре да не мораме да спротивставуваме ракети што чинат неколку милиони долари на руски летала што чинат само неколку илјади.

Коалицијата на волните (Coalition of the Willing) ја прогласи украинската противвоздушна одбрана за „апсолутен приоритет“: сега останува тоа да го преточи во дела. Пресретнувачите се во нашите резерви; нивното испраќање зависи единствено од политичката волја, онаа за која нашите лидери велат дека ја имаат. Нека го докажат тоа.

 


Потписници: Гијом Ансел, поранешен офицер, автор; Елен Конве-Муре, социјалистичка сенаторка што ги претставува Французите кои живеат надвор од Франција, потпретседателка на сенатската Комисија за надворешни работи, одбрана и вооружени сили; Венсан Депорт, генерал на копнената војска (2S), поранешен директор на École de Guerre; Орелиен Дишен, консултант за геополитика и одбрана; Емануел Дипи, претседател на Institut prospective et sécurité en Europe; Робен Гасталди, автор и специјалист за прашања поврзани со вооружувањето; Ан Женете, пратеничка (Renaissance) што ги претставува Французите кои живеат надвор од Франција, поранешна министерка; Ан Марле, администраторка на здружението Pour l’Ukraine, pour leur liberté et la nôtre; Никола Тензер, специјалист за геостратешки прашања; Ксавие Тителман, консултант за воздухопловство и одбрана; Оливие Ведрин, директор на асоцијацијата Jean Monnet.


Авторскиот текст е подготвен од здружението Pour l’Ukraine, pour leur liberté et la nôtre !


Извор: Le Monde


Превод: ЦИВИЛ МЕДИА
Објавено со дозвола за превод и објавување


Сите права на оригиналниот текст им припаѓаат на авторите/носителот на правата. Не е дозволено целосно или делумно преземање и повторно објавување на преводот без претходна писмена согласност од ЦИВИЛ и, кога е применливо, од носителот на правата на оригиналниот текст. Дозволено е цитирање на кратки извадоци со јасно наведување и активен линк до изворот.

Shortcut

Најново

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 13, 2026
Data center server room technology digital network illuminated cables cybersecurity

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026

Медиумски пирати

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk