ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Интензивирање на изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско следната година

December 23, 2020 12:42
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градежните активности за изградба на експресниот пат Прилеп-Градско ќе се интензивираат следната година. За првата делница од Градско до Дреново веќе е завршена постапката на преземање на градежните работи од страна на новиот изведувач, а за втората делница од Дреново до Фариш веќе е распишан тендер кој е во фаза на евалуација.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски очекува на почетокот на следната година да биде избрана нова компанија која ќе продолжи со градежните работи на делницата од Дреново до Фариш.

– Сега слободно можеме да кажеме дека имаме чист терен за работи и активно продолжуваме со изградба на оваа значајна патна врска кон Пелагонија. Инвестицијата е вредна 26,5 милиони евра, до сега се завршени 34 отсто од градежните работи. Очекуваме силни градежни зафати, така што за граѓаните на Прилеп, Битола и на целиот овој регион значајно е дека конечно 2021 ќе биде година во која овој експресен пат ќе се работи со посилна динамика, рече Бочварски на прес-конференцијата на која информираше за сработеното во првите 100 дена Влада.

Во однос на тужбата од шпанската фирма „Конструксионес Рубау С. А.“ со која беше раскинат договорот, министерот Бочварски вели дека постапките течат, но оти тоа не ја спречува државата да распише нов тендер за изградба на делницата од Дреново до Фариш.

–  Има процеси на арбитража кои треба да завршат согласно законските процедури и прописи, но тоа не не спречува нас како држава да распишеме нова тендерска постапка. После завршувањето на евалуацијата, ќе имаме и нов изведувач, а постапките секако дека ќе течат и  согласно тоа кој го прекршил договорот, тој ќе ги сноси и последици. Дали се работи за изведувачите или за договорниот орган, тоа останува на повисока истанца којашто во овој момент не би сакал да ја коментирам. Како држава посакуваме сите договори што ги склучуваме со компаниите, без разлика дали се домашни или странски, изведувачите да ги завршуваат.  Посакувам сите изведувачи кои ќе се зафатат да работат на овие инфраструктурни објекти во земјава, да ги завршуваат своите работи во роковите што ги земале како обврска. Секое доцнење, секој проблем на трасата, секако дека ќе сносат последици и казни, а можеби и раскинување на договорите, нагласи Бочварски.

 

/МИА/
Next Post

Дојков: Да се смири тонот и да се врати довербата меѓу Софија и Скопје

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk