ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

Усвоен Акцискиот План за спас на Преспанското Езеро и обезбедени првични финансии за негова имплементација

December 23, 2020 13:10
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА
Share on FacebookShare on Twitter

На вчерашната, 32 седница, Владата го усвои Акцискиот план за Преспанското Езеро на Министерството за животна средина и просторно планирање подготвено од воспоставената Експертска работна група (ЕРГ), известуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Акцискиот план содржи сет на мерки кои се детално елаборирани, со утврден приоритет и дефинирана временска рамка на спроведување, пропратени со проектирани финансии потребни за нивната имплементација. Акцискиот план е интегрален и ги дефинира сите важни чинители, што ќе се вклучат со свои конкретни обврски и активности во неговата реализација.

„Експертската група составена од претставници на релевантните сектори на стручниот огран при МЖСПП, УХМР, академијата и невладиниот сектор, во своите првични наоди како главни причинители за ваквата состојба ги утврди: климатските промени, тектонските појави и човековото делување. Сите овие активности, директно условиле брзо спуштање на нивото на водите во Езерото, а зголемените температури на воздухот, намалената влага и ветровите, го забрзуваат процесот на испарување, што доведува до забрзано губење на големи количини на вода. Сепак не треба да се заборави дека варијациите на нивото на Езерото се циклична појава. Во повеќе пишани документи од минатите 200 години, посредно или непосредно може да се заклучи дека периодот на максимално и минимално ниво е со променлива периода и се движи од 25 до 40 години.

Од тука, планираните активности се насочени кон постигнување на две генерални цели и тоа: подобрување на условите во животната средина со обезбедување на подобар статус на водата, почвата и биодиверзитетот за да се заштити здравјето на луѓето и целиот екосистем на сливот на Препанското Езеро (квалитет на водите) и како втора цел одржливо и ефикасно искористување на водата и контрола на нивото на Езерото кое го делиме со уште две соседни држави и за што ќе треба заедничка координација, како и контрола и на подземните води (количина на водите).

Во правец на постигнување на првата цел, Владата на РСМ веќе ги задолжи надлежните институции утврдени во Акцискиот план за Преспанско Eзеро, да обезбедат финансиски средства за реализација на мерките на Планот и донесе Одлука за одобрување првични средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година во износ од 44.000.000 денари на општина Ресен, наменети за активности од Акцискиот план за Преспанското Езеро.

Во исто време, Министерството за животна средина и просторно планирање ја обезбеди поддршката на Фондот за Природа „Преспа-Охрид“ – ПОНТ за имплементација на Акциониот план преку пет тригодишни грантови за надлежните институции во заштитената област и главните надлежни чинители, во вкупен износ од 1.602.382 евра.

Изработените документи се достапни на веб страницата на МЖСПП. Накусо, имајќи ја предвид итноста од делување, согласно Акцискиот план непходно е во најбрз рок да се преземат следните активности:

  1. Уредување и чистење на крајбежниот појас на Езерото,
  2. Ажурирање на Регистар на бунари и воспоставување на континуиран мониторинг на подземни води во Преспанскиот слив според законските прописи и досегашни искуства,
  3. Оптимизација и континуирано воведување на контролирано црпење на вода за наводнување на целата територија на подрачјето на Преспа согласно законските прописи и искуства,
  4. Порибување на Езерото со автохтони видови произведени во сливот на Преспанско Езеро со реставрација на дел од старите рибници во пределот на Езерани,
  5. Под итно одржување на состанок на Комитетот за Преспа Парк каде ќе се разговара со албанската и грчката страна во врска со начинот на управување, следење, размена на податоци и преземање на заеднички мерки со цел подобрување на состојбата со езерото,
  6. Воспоставување на заеднички меѓудржавен мониторинг за следење на квалитативната и квантитативната состојба на водите во сливот и на самото езеро кај сите три соседни држави,
  7. Надградба и целосно функционирање на националната хидролошка, метеоролошка и мониторинг мрежа за следење на квалитет на водните тела во сливот и на самото Езеро.

Во наредниот период планирано е да започнат и редовни истражувачки активности на Езерото кои ќе бидат насочени кон: контроли на дното на езерата со батиметриски инструменти, хидро модул на Езерото, тектонски истраги, истраги за истек на Езерото и др. “, стои во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Next Post

Лавров: Москва ќе гради односи во согласност со санкциите на САД

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk