ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ангелов е против добивање државјанство со тројца сведоци

December 24, 2020 20:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата работи на најбрзо можно набавување на вакцините и верувам дека вакцините ќе стигнат благовремено и граѓаните барем ранливите категории ќе ги добијат благовремено, изјави Стојанче Ангелов, в.д. директор на Центарот за управување со кризи вечерва во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија во која гостуваше и Александар Пандов, претседател на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето дали е достоинствено да се бара и добие помош од Бугарија, Ангелов нагласи дека секоја помош е добродојдена и треба да се разграничат областите.

– Ние добивме вето за одредена тема, но хуманоста е сосема друга тема, бидјеќи во ситуација кога луѓе секојдневно умираат и се разболуваат, и трпат тешки последици од болеста гордоста може да кошта скапо, рече тој.

Наведе дека во однос на прашањето за вакцините од Бугарија лично се наоѓа во непријатна ситуација затоа што го води Главниот штаб за борба против Ковид – 19 и ја почитува политиката на Владата.

– Во однос на политиката на Владтаа што е решена да ги продолжи преговорите со Бугарија, во овој момент би било од политички аспект неумесно да се одбие таква помош, оцени Ангелов.

На новинарско прашање што ќе се случеше ако од македонска страна имаше навредливи изјави како оние дадени од бугарски политичари, Ангелов истакна дека би имало жестока реакција од другата страна.

– За жал ние сме во подредена состојба затоа што ние сме тие што бараат да влезат во ЕУ. Ние се наоѓаме во ситуација да мораме да преговараме со надеж дека во Бугарија ќе дојдат разумни политичари кои ќе се откажат и ќе ги омекнат овие апсурдни барања, што од македонска страна никој и никогаш нема да ги прифати, рече Стојанче Ангелов.

Според него, премиерот Зоран Заев со неговата реторика пред меѓународната јавност, како што потенцира Ангелов, направи клима дека ние сме подготвени да разговараме, но бугарската Влада е таа што излегува со неразумни барања и стекнавме, подвлече, предност во меѓународната јавност.

Ангелов смета дека историјата треба да остане посебен предмет и тука, рече, немам дилеми. – Во делот на историјата не смее да се чепка, треба да ја учиме нашата македонска историја, истакна тој.

За барањето на Алтернатива и Алијанса во врска со албанскиот јазик во образованието, Ангелов смета дека албанскито јазик не може да биде задолжителен јазик.

– Тоа е барање не верувам дека ќе биде усвоено, јас сум против задолжително учење на албански јазик. Макеондскиот јазик мора да го познава секој граѓанин на  Северна Македонија на ниво да може да говори течно македонски, рече меѓу другото Ангелов.

За него добивање државјанство со тројца сведоци е апсурд. – Јас сум овде категоричен, треба да бидеме многу претпазливи со давање државјанство. Има закон со кој е пропишано како се стекнува државјанство. Ние веќе имаме едно негативно исксутво, во времето на Киро Глигоров, рече Ангелов.

Смета дека за пописот  треба сериозно да се земат и забелешките од опозицијата. Пописот е широка статистичка операција, рече и нагласи дека тој е против таков предлог./миа/

 

Next Post

Вангелов: Тешко да се дојде до заеднички учебник, излезот е во мултиперспективност

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk