ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Каракачанов со тези како историчарот Росен Тахов – На крај ќе излезе дека Исус е Македонец?

December 24, 2020 22:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов испрати нова провокативна порака до македонските власти. На  крај  ќе излезе дека „Исус Христос бил Македонец“-вели Каракачанов.

„Од времето на Југославија учат да мразат. Албанци, Грци, Бугари. Ги сакаат само Србија и Србите. За нив сме Татари, фашисти и окупатори“, рече Каракачанов.

Во текот на вчерашниот ден на  бугарскиот портал trud.bg беше објавена колумната на историчарот, публицист и новинар, Росен Тахов со наслов: ИСУС ХРИСТОС БИЛ МАКЕДОНЕЦ.

Меѓу другото, Тахов во колумната посветена на мистериите поврзани со потеклото на Исус Христос, пишува и за тезата дека постои теорија дека Човекот Бог потекнува од село Витлемово близу Охрид.

„Се верува дека настанот се случил во Витлеем. Оваа географска точка беше оспорена во 2013 година. Тогаш, група македонски археолози објавија дека Исус е роден во селото Витлемово близу Охрид. Тие се нарекуваат „језуити или Исусовци“ и ја бараат автентичната Христова праведност. За време на изградбата на автопатот кон Тирана, тие дојдоа до феноменално откритие. Водач на ентузијастите е специјалист со библиско име Аврам Јаков. „Постојат некои докази дека тука се родил Исус“, тврди тој…Истото место постоело и во античко време. За тоа сведочат текстови во Библијата, кои беа ревидирани од македонската влада пред неколку месеци. За време на владеењето на Јустинијан селото било економски развиено. Во периодот на раното христијанство, ова место било познато како место на раѓањето на Исус. Тогаш сите ја прифатија христијанската вера и изградија цркви. Соседите се убедени дека ова откритие ќе ги внесе во Европската унија. Како лулка на христијанската цивилизација!“, пишува во колумната Тахов.

Росен Тахов

Росен Тахов е публицист и преведувач. Роден е 1959 г. во Софија. Завршил бугарска филологија и историја и работел во Институтот за литература при Бугарската академија на науките (БАН). Работи како заменик на главниот уредник на весникот „Поглед“.  Издал неколку книги, меѓу кои Големите бугарски сензации, Големите парламентарни циркузи, Книга на гениите и Убиството на Ботев.

И.Т.З.

Next Post

Проф. Мемеди: Новата концепција ќе им овозможи на учениците да бидат истражувачи и да учат со разбирање и логика

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk